Македонија

Отчет на ЗНАМ: Довербата се оправдува со дела

Движењето го претстави својот двегодишен парламентарен ангажман

Движењето ЗНАМ – За наша Македонија денес даде отчет за првите две години од својот парламентарен мандат.

„По две години парламентарен мандат излегуваме пред граѓаните со јасна порака: мандатот не е привилегија, туку обврска, а довербата не се оправдува со зборови, туку со работа и резултати. Во Собранието ЗНАМ не влезе за да биде статист, туку за активно да учествува во креирањето на политиките и одлуките што ја определуваат иднината на државата“, велат од ЗНАМ.

„ЗНАМ не е само коректор на власта. ЗНАМ е креатор на политики. Нашата цел од самиот почеток беше програмата за која граѓаните гласаа да стане дел од владините политики и да се претвори во конкретни институционални решенија. Тоа е нашиот принцип на политичко дејствување: иницијатива, аргументи, институционална работа и резултати. Не веруваме во политика на слепо следење, но ниту во политика на деструкција. Веруваме во одговорност кон граѓаните и резултати во интерес на државата. ЗНАМ се залага за фер политичка конкуренција, еднакви услови за сите политички субјекти и демократски изборен систем, вклучително и една изборна единица со изборен праг од 2 до 3 проценти. За нас тоа не е партиски интерес. Тоа е прашање на демократскиот капацитет на Македонија. Нашата политика е јасна: Повеќе работа – помалку политичка бучава. Повеќе одговорност – помалку изговори. Повеќе резултати – помалку политички театар. Довербата се добива на избори. Но, довербата се оправдува со дела. ЗНАМ продолжува да работи за Македонија во која политиката не се мери според тоа колку ветува, туку според тоа колку испорачува“, се наведува во соопштението на ЗНАМ.

Најнови вести од: Македонија

Сашко Кедев влезе во Гинис како најстариот алпинист во светот кој ги искачил сите 14 врвови над 8.000 метри

Кедев, на доделувањето на наградата, порача дека освојувањето на 14-те највисоки врвови во светот го смета за национален успех којшто го посвети на сите Македонци

Запалени повеќе контејнери во Ново Лисиче – градоначалникот Ѓорѓиевски бара итна истрага

Скопје нема да биде заложник на вандали, барам итна реакција од МВР. Во услови кога набавивме 3.300 нови контејнери и го решивме проблемот со сметот, очигледно дека на некој не му одговара чисто Скопје и развојот на градот

Манасиевски: Филипче и СДС да кажат дали Мацура бил криминалец со сомнителен капитал кога со ДУИ овозможиле влез на Алта банка во Македонија

Портпаролот на ВМРО ДПМНЕ Валентин Манасиевски истакнува: Фирмата на сватот на Ахмети, според јавно достапни информации, поседувала акции во Стопанска банка АД Битола, кои потоа ги продаваат на Давор Мацура и Алта банка. Филипче и СДС молчат за ова и не коментираат од страв кон ДУИ.

„Скопје.1.мк“: Над 12 тони производи од Македонија запрени на косовската граница, поради „ешерихија коли“ во претходни пратки

„Косовските власти вратиле две пратки млечни производи од Македонија, со вкупна тежина од 12.268 килограми, поради претходно утврдени неправилности поврзани со безбедноста на храната и хигиената во производството. Станувало збор за прехранбени кремови со растителни масти и производи од сирење, произведени од АД ‘Млекара Тетово’,пренесува ‘Радио Ким’. Пратките биле наменети за компанијата ‘VIZIONI M.Z.I.I’ од Преоце, во близина на Грачаница, но биле запрени на граничниот премин Генерал Јанковиќ.“ – објави информативниот портал „Скопје 1.мк“.

Партија на пензионери: Поддршка за новиот предлог- КЗ! Конфискуваниот имот да оди за социјалната заштита, здравството и стандардот на пензионерите!

Партијата на пензионери дава целосна поддршка за новиот предлог-закон за Кривичниот законик на Македонија, со кој се предвидуваат построги казни за корупција и криминал меѓу носителите на јавни функции. Од партијата, сепак, сметаат дека се потребни дополнително заострување на казнените мерки и суштински реформи во правосудниот систем.

ЕУ го натерала Вучиќ да ги повлече војниците и полицијата од Пионирскиот парк, за да спречи судири и граѓанска војна?!

Европската Унија извршила притисок врз Александар Вучиќ во изборната ноќ да ги повлече војниците и полицајците од Пионирскиот парк во Белград, бидејќи постоел страв дека ситуацијата може да ескалира во граѓанска војна. Ова го тврди поранешната амбасадорка на Белгија во Србија, Дениз де Хауер, во интервју за телевизијата „Инсајдер“.

Архимандрит Царкњас: Прашањето на Македонците во соседните земји треба да се споменува од страна на македонските власти

Во Штип се одржа традионалната „Егејска вечер“ и семакедонска средба. Архимандритот Никодим Царкњас нагласи дека прашањето на Македонците во соседните земји треба да се споменува од страна на македонските власти.

To top