Македонија

„Отворен кабинет“ на министерот за здравство за директна комуникација со граѓаните

Министерот за здравство, Азир Алиу, денеска ја претстави новата алатка „Отворен кабинет“, која, според него, претставува прв чекор кон изградба на здравствен систем што комуницира директно со граѓаните, работи со интегритет и се води од доверба. – Вистинската реформа почнува тогаш кога институцијата престанува да зборува сама со себе и почнува да го слуша народот […]

Министерот за здравство, Азир Алиу, денеска ја претстави новата алатка „Отворен кабинет“, која, според него, претставува прв чекор кон изградба на здравствен систем што комуницира директно со граѓаните, работи со интегритет и се води од доверба.

– Вистинската реформа почнува тогаш кога институцијата престанува да зборува сама со себе и почнува да го слуша народот со отворен ум и јасна намера за промена – изјави министерот Алиу, нагласувајќи дека не станува збор само за нова веб-страница, туку за трансформација на односот помеѓу граѓанинот и институцијата.

Преку алатката „Отворен кабинет“, секој граѓанин ќе може директно да закаже средба со министерот, секој петок, без административни бариери и без бирократија.

– Лице в лице, човечки разговор – со почит, одговорност и со подготвеност за конкретни решенија – порача Алиу.

Интересот за иницијативата е голем – првите 15 термини веќе се резервирани.

– Ова е доказ дека граѓаните имаат што да кажат, и конечно имаат каде да бидат слушнати. Јас сум тука да ги слушнам – рече министерот.

Тој потенцираше дека оваа иницијатива не е само услуга, туку став.

– Став дека здравството не смее да биде затворен систем, туку жив организам што комуницира, систем што вклучува и реагира навреме – посочи тој.

„Здравство што комуницира, вклучува и реагира“ за Алиу не е само слоган, туку јавна обврска.

– Обврска што јас како министер ја прифаќам со целосна одговорност и секојдневно ќе ја исполнувам со работа, отчетност и со лично присуство – рече Алиу.

Министерот ја претстави и својата визија за иднината на македонското здравство.

– Да изградиме здравствен систем што зборува со граѓанинот, делува со интегритет и се води од доверба. Систем што не се води од впечаток, страв или од политички притисоци – туку од точни податоци, реална анализа и од вистинските потреби на населението. Систем што не се плаши од вистината, не се губи во бирократија и никогаш не го заборава човекот – како причина зашто постои самиот систем – заклучи тој.

Најнови вести од: Македонија

Да се забрани „џанк“ храна во училиштата и да се оданочат зашеќерените пијалаци, бара Клековски

Министерот ги повика граѓаните, особено оние со зголемен ризик или со семејна историја на дијабетес, да не ги игнорираат симптомите како постојан замор, зголемена жед или заматен вид и да направат превентивен преглед.

Тамара Котевска го освои „Британскиот Оскар“ за документарен филм, рамо до рамо со Херцог и Дејвид Атенборо

Македонската режисерка Тамара Котевска, двојно номинирана за ОСКАР и двојно номинирана за ЕМИ, го освои престижното Гран-при признание (за најдобар кино-документарец) на овогодинешното доделување на наградите „Гриерсон“ (Grierson British Documentary Awards) во Лондон, кои во светската кинематографија важат за британски Оскар за документарни филмови.

Се проширува достапноста на банкарските услуги за клиентите на „АЛТА банка“ – од понеделник нова експозитурата во Прилеп

Народната банка продолжува внимателно да ја следи состојбата во „АЛТА банка“ АД Битола и да презема активности за да им се овозможи на сите клиенти полесен пристап до сопствените средства и непречено извршување на платежните услуги.

To top