Македонија

Парична казна за доктор Кузмановски за работа со необновена лиценца

По наредба од Министерството за здравство

По наредба од Министерството за здравство Државниот санитарен и здравствен инспекторат извршил вонреден инспекциски надзор на Клиниката за неврологија во врска со работа на Игор Кузмановски како директор на клиниката и како здравствен работник. Притоа, констатирано е дека откако бил именуван на функцијата директор нема податоци дека давал здравстени услуги, но оти 15.03.2025 година до кога му била важечка лиценцата, па до назначувањето на директорската позиција извршувал здравствена дејност. За ова Кузмановски ќе биде прекршочно парично казнет, а таква казна ќе има и за правното лице и за одговорно лице во правното лице.

-На ден 14.10.2025 година извршен е вонреден инспекциски надзор во ЈЗУ УК за Неврологија Скопје по издадена наредба од Министер за здравство бр.17-9871/1 од 14.10.2025 година до Државниот санитарен и здравствен инспекторат, а во врска со неговата работа како директор на клиниката и како здравствен работник, информираат од Министерството за здравство.

Согласно надлежностите на Државниот санитарен и здравствен инспекторат, велат оттаму, извршен е увид во персоналното досие на именованиот и останатата документација на клиниката во врска со предметот на инспекцискиот надзор.

-При надзорот е констатирана следната фактичката состојба : Со решение од Министерство за здравство бр.11-8171/1 од 07.08.2025г. проф. д-р Игор Кузмановски е именуван за в.д. директор на ЈЗУ УК за Неврологија Скопје. Врз основа на решението, од страна на Управниот одбор на клиниката (УО) донесено е решение бр.0402-1885/1 од 21.08.2025г. за мирување на работното место на проф.д-р Игор Кузмановски доктор специјалист невролог раководител на Оддел за развојна неврологија сметано од 08.08.2025 година. Според календарот на активности во интегрираниот информатички систем Мој Термин за сите доктори специјалисти вработени во ЈЗУ УК за Неврологија Скопје за периодот од 01.01.2025г година заклучно со 30.11.2025 година се констатира дека д-р Кузмановски обавувал здравствена дејност до 08.08.2025 год. Со назначувањето на в.д.дирекор не се евидентирани здравстени услуги реализирани од негова страна. Од увидот во персоналното досие утврдено е дека има последна лиценца за работа издадена од Лекарска комора (ЛК) на Република Македонија бр.0009786 со важност до 15.03.2025 година. Од тој датум до денот на назначување на в.д. директор проф. д-р Игор Кузмановски обавувал здравствена дејност, се појаснува во соопштението.

Од ДЗСИ велат дека во врска со работата на проф.д-р Игор Кузмановски како здравствен работник без важечка лиценца за работа ќе му биде издаден прекршочен платен налог според член 309 став 1 точка 1 од Законот за здравствената заштита, но оти ќе следи и прекршочен платен налог за правното лице и за одговорно лице во правното лице, односно претходниот директор.

Од увидот во персоналните досиеја на останатите доктори, вкупно 33, се констартира дека сите лиценци се во рок на важност.

Во врска со работењето на клиниката било констатирано дека специјалистички извештаи после извршените прегледи кај докторите се оверуваат (со со факсимил на докотрот и печат на здравствената установа) од страна на административните работници на пултот, што не е во согласност со член 13 од Законот за евиденциите во областа на здравството.

За сите констатирани недостатоци во однос на работата на ЈЗУ УК за Неврологија Скопје, ќе биде издадено решение за наредба за отстранување на недостатоците.

Најнови вести од: Македонија

Интервју: Глупост е Самуил да се враќа во Бугарија, тој таму никогаш и не бил, вели професор Атанасовски

Професорот Александар Атанасовски, чија специјалност е средниот век, вклучително и времето на Византија и Самуиловото Царство, беше гостин во емисијата Радио Точка, во рамки на програмата Хоризонт на Бугарското национално радио БНТ. Централна тема – договорот меѓу Бугарија и Грција за пренесување на наводните коски на цар Самуил од Солун во Софија.

(Фото): Означен стартот на 22. издание на „Виз Ер Скопски маратон“, улиците преполни со учесници

Град Скопје е покровител на спортската манифестација, а градоначалникот вели дека градските служби се подготвени да ја обезбедат потребната поддршка за нејзино успешно одржување.

Пола Скопје ќе биде затворено за сообраќај – стартува 22. издание на „Виз Ер“ Скопскиот маратон

Од Министерството за внатрешни работи апелираат граѓаните да го избегнуваат движењето по овие сообраќајници во периодот од 06:00 до 14:00 часот и да ги почитуваат наредбите на полициските службеници на терен.

(Видео): Државата е енергетски стабилна, се очекува поевтинување на горивата, вели Мицкоски

Државата не е голем потрошувач на гас и постои план за справување со можните предизвици, велат од Владата. Премиерот кажа и дека разговарал со големите нафтени компании. Премиерот очекува и поевтинување на горивата веќе од следната недела.

Во пресрет на грејната сезона – парно, струја, дрва: Што најмногу го празни џебот?!

Најефикасното, но и најскапо современо решение е топлотна пумпа систем воздух-вода. Оваа инвестиција бара помеѓу 6.500 и 9.000 евра, иако потоа месечната потрошувачка на струја за целата куќа е приближна на трошокот за два инвертер уреди. За домаќинствата кои немаат буџет за вакви системи, поставувањето на три поквалитетни инвертер клими со инвестиција од околу 2.500 евра.

To top