Македонија

Пијанманова за загинатиот Душко Чифлиганец: Беше тивок, скромен и воспитан млад човек

Зрачел со напорна работа, посветеност и приземјеност

Иако беше дел од едно од најбогатите македонски семејства трагично загинатиот Душко Чифлиганец кој го загуби животот во мототрка во Чешка според луѓето со кои имал контакт како градител на станови бил скромен и ненаметлив човек.

 

,,Живееме во зградата Адора, една од најубавите згради во Скопје. Душко Чифлиганец доаѓаше како обичен работник секој ден во канцеларијата на Адора и беше скромен, обичен, тивок и неверојатно добро воспитан млад човек”, пишува Марија Пијанманов Плевнеш која додава дека Душко не се разликувал од вработените и бил едно со нив.

,,Често го забележував тоа прво и бидејќи сум многу прецизна во моите проценки, тој беше исклучителен млад човек, би рекла срамежлив, едноставно и со вкус облечен и многу тивок и зрачеше со напорна работа, посветеност и приземјеност, едноставно неверојатно за бизнисмен со висок статус.

Овој млад човек немаше ни трошка ароганција, а откако го среќавав во Скопје многу често во просторот на зградата Адора, забележав и одредена тага во неговото движење и постоење. Имаше тажни очи. Веста ме погоди силно. Се чувствувам неверојатно тажно”, пишува Пијаманова која изразува длабоко сочувство до семејството за смртта на младиот сосед.

 

На фотографијата Душко Чифлиганец со неговото дедо

Фото: Принт скрин ФБ

Најнови вести од: Македонија

Зошто во Македонија секој трет стан е празен?!

Во Македонија има доволно станови за парадоксот да изгледа неверојатно: според последниот попис, повеќе од 307 илјади станови се ненаселени, односно секој трет стан во земјата нема постојани жители. А сепак, квадратниот метар продолжува да поскапува, во Скопје и Охрид на атрактивните локации веќе се пробиваат и границите од 3.000 евра.

(Видео): Ребалансот е поради лошото менаџирање на економијата, вели Филипче

Опозицискиот лидер оцени дека и покрај намалувањето на ДДВ и акцизата, вкупната цена на горивата во изминатиот период пораснала за повеќе од 50 отсто, што според него значи дека приливите во Буџетот од ДДВ и акцизи не би требало да бидат намалени, туку би требало да останат најмалку на истото ниво.

(Видео): Владата најавува нов ребаланс до крајот на месецов – Од каде ќе се крати?!

Поради намалените буџетски приходи за околу 7 до 8 милијарди денари по основ на акциза и намалено ДДВ за горивата, премерот за месецов најави ребаланс на буџетот, оти како што рече, за Владата прв приоритет е стандардот на граѓаните.

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија во обид да се тргне бугарската блокада на евроинтеграцијата на Македонија

Од бугарското Министерство за надворешни работи за бугарската информативна агенција БТА потврдиле дека шефовите на дипломатиите на двете земји ќе имаат можност да се сретнат во заднината на меѓународната министерска конференција за Коридорот 8 во Софија, чиј домаќин ќе биде министерката Велислава Петрова.

Ново исклучително откритие на македонската архајска некропола кај Корошишта, Струшко: богат војнички погреб со целосна опрема и предмети од злато

На археолошкиот локалитет Расница, с. Корошишта – Струшко, денес беа презентирани најновите ексклузивни наоди од истражувањата на архајската некропола – богато војничко погребување со комплетна воена опрема, кое според првичните согледувања е постаро од исклучителното откритие направено на истиот локалитет во 2024 година, информираат од Националениот археолошки музеј – Скопје.

To top