Македонија

По скандалот со Цеца тој само мудро молчи и цинично се смее

Не сака да поентира дека бил во право а не може ни целосно да замолкне за скандалот со српската пејачка во Велес

Меѓу многуте реакции по скандалот со српската пејачка Светлана Ражњатовиќ Цеца се најде и таа на македонскиот пејач Спасен Сиљановски.

 

Пејачот кој пред два месеци јавно му забележа на градоначалникот на Кавадарци Митко Јанчев затоа што ангажира странски пејачи и пејачки реагира на инцидентот во кој Цеца развиори бугарско знаме на концерт во Велес кое го тргна откако реагираше публиката.

Спасен сега не сака да коментира многу но не пропушти шрилика да поентира дека бил во право за претераниот ангажман на српски ѕвезди во Македонија.

, ,Јас само мудро ќе си молчам и цинично ќе се подсмевнувам 😉”, напиша Спасен Сиљановски на социјалните мрежи без да спомене на што точно мисли.

Најнови вести од: Македонија

Битолчанка и Естонец измамиле стотици граѓани 

Во периодот од декември 2025 година до април 2026 година, преку мобилна апликација и со ветување за наводни добивки навеле голем број граѓани од целата држава да вложуваат финансиски средства на лажна интернет платформа

To top