Македонија

По топлото утро, попладнево се очекуваат поројни врнежи и грмежи

Во Скопје максимална температура од 32 степени

По сончевото и топло утро, попладнево во повеќе делови од земјата се очекува локална нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, додека од почетокот на новата седмица времето повторно ќе се стабилизира.

Според прогнозата на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), денот ќе започне со променливо облачно време и сончеви периоди, а попладнево во многу региони ќе има услови за краткотраен, но интензивен дожд и грмежи.

Во западните делови ќе дува умерен, повремено засилен ветер од западен правец, а во источниот дел од земјата ќе преовладува северозападен ветер со умерен до локално силен интензитет.

Утринските температури ќе се движат од 11 степени во Берово до 15 степени во Гевгелија, додека дневните ќе достигнат од 27 степени во Маврово до 37 степени во Гевгелија.

Во Скопје денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност, а попладнево во делови од котлината постои можност за краткотраен дожд. Ќе дува умерен северен ветер, а температурата ќе се движи од 13 до 32 степени.

Од понеделник повторно ќе преовладува сончево време со мала до умерена локална облачност. Ќе дува умерен, а во источните делови повремено засилен северен ветер. Минималните температури ќе се движат од 10 до 20 степени, а дневните од 28 до 35 степени.

Слично време се очекува и во вторник, кога ќе биде сончево со мала локална облачност и умерен, наместа засилен северен ветер. Утринските температури ќе бидат од 11 до 20 степени, а максималните од 30 до 37 степени.

Најнови вести од: Македонија

Бугарите „јуришаат“ на „Самуил, владетелот на бугарската држава“, но за врвни светски научници тој е „македонски цар“ на „македонска држава“! (3)

Продолжуваат и денес, на 7 октомври 2026 посети и поклонувања на Бугари пред саркофагот со „посмртните останки на нивниот највелики бугарски владетел Самуил “во Софија. Продолжува со тоа и и градењето на националниот идентитет, средновековната бугарска државност и на историјата на Бугарите на сметка на македонскиот идентитет и историја, на македонската државност, чиј еден од темелните столбови е и Самуил. Тој е споменат нималку случајно споменат и во државотворниот „Манифест од Првото заседание на АСНОМ до македонскиот народ“ од 2 август 1944 година.

На инспектори им исекле гуми на возило за да не се дознае кој нелегално користи социјални пензии

Премиерот Христијан Мицкоски рече дека се откриени повеќе од 4.500 корисници на гарантирана минимална помош и социјална сигурност кои ги земале парите без да ги исполнуваат условите, а меѓу нив имало починати лица, иселени граѓани и фиктивни корисници.

To top