Македонија

Почина Коста Јаневски: Основач на Антена 5 и пионер во македонскиот филм

На 65-годишна возраст, по кратко боледување, почина Коста Јаневски, истакнат филмски работник и еден од основачите и сопствениците на радио Антена 5, чиј придонес во македонската медиумска и културна сфера беше значаен и траен.

На 65-годишна возраст, по кратко боледување, почина Коста Јаневски, истакнат филмски работник и еден од основачите и сопствениците на радио Антена 5, чиј придонес во македонската медиумска и културна сфера беше значаен и траен.

Тој учествуваше во основањето на Антена 5, во нејзиниот технички развој и креирањето на програмата, а од 1994 година ја извршуваше функцијата технички директор. Јаневски беше клучен во техничката и програмска реализација на многубројни домашни и меѓународни музички и културни настани пренесувани на брдите на радиото: Британските музички награди, MTV Европските музички награди (MTV EMA), Зимската музичка конференција во Мајами, Викенд Медиа фестивалот, Егзит, Таксират, Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“ и Д Фестивал во Дојран.

Пред основањето на Антена 5, Јаневски беше дел од програмата на Радио Микс на Радио УНО и проектот Радио Топ Листа на Македонија. Дипломиран на Електротехничкиот факултет, тој ја започна својата кариера во филмската индустрија во осумдесеттите години како монтажер на тон и тон снимател. Во 1985 година работеше како слободен филмски работник во Друштвото на филмски работници на Македонија, а од следната година се приклучи на продуцентската куќа „Вардар филм“. За време на својата богата кариера, учествуваше во реализацијата на филмски проекти од домашна продукција и странски копродукции, вклучувајќи играни, документарни, краткометражни и долгометражни филмови како „Македонска сага“, „Среќна Нова ’49“ и „Тетовирање“, меѓу многу други.

Јаневски беше активен член на Друштвото на филмски работници на Македонија и на Здружението на тонски сниматели на Македонија, каде што остави траен отпечаток во професионалните кругови.

Погребот ќе се одржи в среда, на 29 октомври 2025 година, во 11:30 часот, на Градските гробишта Бутел во Скопје.

Најнови вести од: Македонија

Директорка и нејзина колешка со пари од Државна лотарија си купувале чанти „Диор“, „Хермес“, „Луј Витон“

Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство Скопје поднесе кривична пријава против две службени лица вработени во Акционерското друштво за приредување игри на среќа Државна лотарија на Република Северна Македонија поради постоење на сомнение за сторени кривични дела “Проневера во службата” од член 354 од КЗ на РСМ и“Фалсификување или уништување деловни книги” од член 280 од КЗ на РСМ.

(Видео): Околу 25 милиони евра годишно се давале на починати луѓе, обелодени премиерот

Над 4.500 лажни корисници на социјална помош. Мицкоски рече дека на годишно ниво од државниот буџет биле издвојувани повеќе од една милијарда, а можеби и до 1,5 милијарди денари за исплати на вакви корисници или околу 25 милиони евра.

Помалку одење по шалтери, електронски процедури и олеснувања за пациентите – усвоени нови правила за боледувања

Со измените се воведуваат повеќе конкретни олеснувања за осигурениците и матичните лекари, со цел да се намалат непотребните административни постапки и движењето на пациентите низ здравствениот систем.

To top