Македонија

Почна изборната кампања за повторените локални избори на 11 јануари

Ќе се избираат градоначалници за Гостивар, Маврово Ростуше, Врапчиште и Центар Жупа

Изборите за градоначалник во овие четири општини се повторуваат бидејќи на Локалните избори на 19 октомври немаше доволен број граѓани излезени на гласање, односно најмалку една третина (33,33 проценти) од запишаните гласачи, што е услов за изборите да се сметаат за успешни.

Изборната кампања за првиот круг на гласањето започна ноќеска на полноќ и ќе трае до 9 јануари, кога започнува молкот пред гласањето.

Кандидати за градоначалник на Гостивар се Невзат Бејта, како кандидат на коалицијата Вреди и независниот Ваљбон Лимани поддржан од НАИ.

Во Врапчиште кандидати за градоначалник се Исен Шабани од НАИ и Зуљхајрат Демири поддржан од Група избирачи Зуљхајрат Демири.

Во Центар Жупа има само еден кандидат за градоначалник и тоа Аријан Ибраим од Демократска партија на Турците.

Во Маврово и Ростуше има двајца кандидати и тоа Онер Јакупоски поддржан од Коалицијата Твоја Македонија предводена од ВМРО ДПМНЕ и Анес Ахмети кандидат на СДСМ.

 

Најнови вести од: Македонија

Стопанската комора добитник на меѓународна награда за општествена одржливост

Иницијативата на Стопанската комора на Македонија за унапредување на декарбонизацијата и корпоративната одржливост е меѓу трите највисоко оценети иницијативи од целиот свет на ISAR Honours 2026, признание на Меѓувладината работна група на експерти за меѓународни стандарди (ISAR) при УНКТАД – UN Trade and Development.

„Н.М“: Европската цел не значи дека секоја понуда од ЕУ е автоматски добра за Македонија, сѐ треба да се одмери колку им одговара на македонските интереси!

„Не е прашање дали Македонија ќе биде во Европа, туку колкава цена ќе треба да плати, под кои услови и со колкаво право да одлучува за сопствената иднина.“ = се нагласува во анализата со наслов „ЕУ-интеграцијата не е линеарен пат од кандидат до полноправна членка“, која е објавена во дневниот весник „Нова Македонија“.

To top