Македонија

Политички нокаут на ТВ: „ЛАЖЕТЕ!“ – „ИЗМАМНИЦИ!“ – Жесток судир меѓу Ацевски и Петрушевски

Во неколку наврати, расправијата достигна точка на отворени лични прозивки

Жестока политичка пресметка во живо ја одбележа дебатата меѓу Костадин Ацевски и Бране Петрушевски во емисијата „За или против“, на тв Алфа, каде темата за состојбите во СДСМ брзо прерасна во отворен судир со тешки обвинувања за лаги, измами и криминал.

Ацевски беше дециден дека СДСМ не може да се распадне, нагласувајќи дека станува збор за голема државотворна партија со силна база, и покрај изборните порази и фактот што во моментов е длабоко во опозиција. Сепак, призна дека недостигаат нови кадри и свежи идеи, не само во СДСМ, туку и кај другите големи партии.

Од друга страна, Петрушевски остро возврати дека СДСМ нема ниту кадровска, ниту програмска свежина, туку повторно ги нуди истите политики кои, според него, веќе биле казнети од граѓаните на избори. Тој оцени дека партијата не успева да понуди реална алтернатива и дека се враќа на теми од минатото.

Дебатата која ја водеше Мери Симоновска дополнително се заостри кога двајцата соговорници почнаа со директни меѓусебни обвинувања. Петрушевски тврдеше дека опозицијата се „расфрла со лаги“, додека Ацевски возврати дека власта води „катастрофални политики“ и ги изневерила граѓаните. Во неколку наврати, расправијата достигна точка на отворени лични прозивки и прекинувања.

Судирот се префрли и на економските теми, особено околу цените на горивата. Петрушевски истакна дека станува збор за глобална криза и дека владата реагира навремено со мерки, додека Ацевски оцени дека граѓаните не ги чувствуваат тие ефекти и дека ветувањата на власта останале неисполнети.

Една од најжестоките разменети тези беше околу прашањето за мигрантите и измените на законите. Ацевски предупреди дека законските решенија отвораат простор за сериозни ризици, додека Петрушевски ги отфрли тие тврдења како манипулација со јавноста, потенцирајќи дека станува збор за извртување на фактите.

Дебатата кулминираше со обвинувања за корупција и селективна правда. Петрушевски тврдеше дека актуелната власт веќе покажала дека постапува против функционери за кои постои сомнеж за криминал, додека Ацевски возврати дека корупцијата останува сериозен проблем и дека институциите треба да постапуваат неселективно.

И покрај острите разлики, и двајцата соговорници се согласија дека правдата мора да важи за сите, без разлика на политичката припадност.

Жестоката размена на ставови уште еднаш покажа дека политичката сцена во Македонија е силно поларизирана, а јавниот дијалог сè почесто се претвора во директен судир наместо во конструктивна дебата.

Најнови вести од: Македонија

Велјановски до опозицијата: Не може да се заборави како ја пљачкавте државата

На денешната собраниска седница на Комисијата за финансирање и буџет каде се дискутираше Предлог-Буџетот за 2027 година, пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Александар Велјановски, кажа дека и покрај долговите наследени од претходната влада, предводена од СДС, кои се тежок товар за државата, оваа Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи со силни инвестиции, со работа на фискална консолидација, но и со зајакнување на здравствената и социјалната заштита на граѓаните.

Ристески: Клучен приоритет на Владата е да ги задржи младите во Македонија

Законот за сезонски работници што е во сила од 1 јануари 2026 година, сѐ уште не ги дава очекуваните резултати, но ова не е закон направен за една година. Затоа организираме информативни средби и настани со помош на медиумите, стопанските комори, работодавачите и синдикатите – за да ги анимираме луѓето дека пензионери, студенти, оние кои сакаат дополнително да работат и сите категории невработени лица можат да го искористат, без притоа да го изгубат стекнатиот статус, да имаат комплетно пензиско и здравствено осигурување, фер ангажман, платен работен час колку што се ангажирани дополнително и со тоа да остварат дополнителни приходи – рече денеска заменик-министерот за економија и труд, Марјан Ристески.

Општина Охрид ги засилува активностите за затворање на депонијата „Буково“ и воспоставување нов систем за комуналниот отпад

Завршена е постапката за избор на проектант за изработка на техничката документација за затворање на нестандардната депонија „Буково“, а во тек се и активностите за изградба на претоварна станица кај Мауцкер и собирен центар во Охрид. Претоварните станици и Регионалниот центар за управување со отпад во Новаци се очекува да бидат функционални во 2030 година. Ова беше истакнато на денешната средба во Општина Охрид, посветена на новиот Регионален план за управување со отпад и воспоставувањето интегриран систем за Југозападниот и Пелагонискиот плански регион.

Зафировски за признанието на Михаилова за ДАНС: Ова е бугарска пародија, во која самата се излаја за поврзаноста со тајните служби

Срамота и давање автогол, бугарска пародија во која Ива Михаилова самата недоветно се излаја за улогата на тајните служби и бугарската ДАНС во целиот нејзин „случај“, посочи безбедносниот аналитичар Воислав Зафировски во „За македонските работи“ со Љупчо Цветановски. Недораснато дете кое избрза и искрено си кажа се што треба и не треба, класичен автогол во полза на Македонија за случај кој беше поддржан и од највисоките бугарски функционери.

Муцунски: Проширувањето на ЕУ е геополитичко обединување на Европа и стратешка инвестиција во постабилен и побезбеден континент

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски синоќа во Скопје се обратил на конференцијата „Безбедноста во Западен Балкан“, организирана од германскиот институт „Аспен“ (Aspen Institute Germany) во соработка со Министерството за надворешни работи и надворешна трговија.

„КАЖИ НЕ!“ – кампања на МВР против сексуалната злоупотреба на деца во дигиталниот простор (ВИДЕО)

Целта на кампањата е да се подигне свеста кај децата, младите, родителите и пошироката јавност за препознавање и спречување на сексуалната злоупотреба во дигиталниот простор

Јовановски: На негирањата на македонската историја ќе одговориме со научна храброст и смиреност

„Од национални приказни до испреплетени истории“ е насловот на дводневната меѓународна конференција што ја организира Институтот за историја при Филозофскиот факултет на УКИМ по повод 80 години од неговото основање. Програмата опфаќа неколку пленарни и тематски сесии посветени на историските процеси, националните наративи, културните и дипломатските односи, како и на современите пристапи во историските истражувања. Учесниците ќе се претстават со реферати за историјата на Македонија од средновековниот период до современата државност, за односите на Балканот, османлискиот период, светските војни и меѓународните историски влијанија.

Најнови вести

To top