Македонија

Поранешните директори осудени за пожарот во Модуларната болница

Година ипол затвор добија поранешните директори на Клиничката болница во Тетово за пожарот во Модуларната болница, а Клиничката болница како правно лице е одговорна за кривичното дело „предизвикување на општа опасност. Флорим Бесими и Артан Етеми, кои се обвинети во процесот по пожарот во модуларната болница, се осудени дека го сториле делото „тешки дела против […]

Година ипол затвор добија поранешните директори на Клиничката болница во Тетово за пожарот во Модуларната болница, а Клиничката болница како правно лице е одговорна за кривичното дело „предизвикување на општа опасност.

Флорим Бесими и Артан Етеми, кои се обвинети во процесот по пожарот во модуларната болница, се осудени дека го сториле делото „тешки дела против општата сигурност“.

За потсетување, претходно, двајцата ексдиректори добија условни казни.

Тетовската болница треба да плати еден милион денари.

Во пожарот во модуларната болница што се случи на 8 септември 2021 загинаа 14 пациенти и нивни роднини.

Најнови вести од: Македонија

(Видео): Македонскиот авиосообраќај руши рекорди, годинава ќе сме блиску до четири милиони патници, рече Николоски

Во периодот кога била избрана актуелната Влада, двата аеродрома годишно опслужувале околу два милиони патници, додека годинава се очекува бројката да надмине или да се приближи до четири милиони патници.

Законите важат за сите, велат од Влада за апсењето на возачот на Генералниот секретаријат

Затекнувањето на осомничениот се случило на 4 септември 2026 година, во моментот кога му биле предавани 500 евра со претходно обележани банкноти. Оваа сума била дел од вкупно побараната награда од 1.500 евра.

Бујар Османи се посрамоти: Дешира Ахмети-Крлиу пееше заедно со Карерас, а Османи рече дека немало Албанец на сцената

Дешира Ахмети-Крлиу не беше само формално ставена на списокот на учесници. Таа настапи како една од оперските солистки, а на крајот од спектаклот се појави на сцената заедно со Карерас и со останатите македонски изведувачи во заедничката изведба на „Едно име имаме“. Снимките и извештаите од настанот го потврдуваат нејзиното учество.

To top