Македонија

Портал на македонски јазик тврди дека Гоце Делчев е бугарски револуционер

Доказот каде се гледа дека еден новинар е од Македонија а тројца се од Бугарија го објавува Фејсбук

На тие што не им е јасно како функционира бугарската пропаганда во Македонија треба да го видат примерот со бугарскиот портал 24мк.мк.

Овој портал шири пробугарска антимакедонска пропаганда но не на бугарски туку на македонски јазик.

Во еден од примерите за оваа пропаганда 24мк.мк за откривање на спомен плоча на Гоце Делчев во Грција пишува дека македонскиот револуционер е всушност бугарски деец.

Доказ дека се работи за скриен бугарски портал и организирана пропагандна мимикрија е фактот што тројца од тие што објавуваат вести на бугарскиот портал се од Бугарија.

Доказот каде се гледа дека еден новинар е од Македонија а тројца се од Бугарија го објавува Фејсбук

Дополнително, некои од зборовите кои ги користат новинарите не се воопшто македонски.

Таков е зборот лобно кој не постои во македонскиот јазик а кој се користи во текстот.

Најнови вести од: Македонија

Да се забрани „џанк“ храна во училиштата и да се оданочат зашеќерените пијалаци, бара Клековски

Министерот ги повика граѓаните, особено оние со зголемен ризик или со семејна историја на дијабетес, да не ги игнорираат симптомите како постојан замор, зголемена жед или заматен вид и да направат превентивен преглед.

Тамара Котевска го освои „Британскиот Оскар“ за документарен филм, рамо до рамо со Херцог и Дејвид Атенборо

Македонската режисерка Тамара Котевска, двојно номинирана за ОСКАР и двојно номинирана за ЕМИ, го освои престижното Гран-при признание (за најдобар кино-документарец) на овогодинешното доделување на наградите „Гриерсон“ (Grierson British Documentary Awards) во Лондон, кои во светската кинематографија важат за британски Оскар за документарни филмови.

Се проширува достапноста на банкарските услуги за клиентите на „АЛТА банка“ – од понеделник нова експозитурата во Прилеп

Народната банка продолжува внимателно да ја следи состојбата во „АЛТА банка“ АД Битола и да презема активности за да им се овозможи на сите клиенти полесен пристап до сопствените средства и непречено извршување на платежните услуги.

To top