Македонија

Познати се пеколните бараж-ривали ако Македонија вечерва загуби во Кардиф

ФИФА рангирањето покажува дека Елмас и другарите би имале речиси невозможна мисија но предходно тие покажаа дека ништо не е неостварливо

Македонскиот фудбалски  национален тим е во исчекување на последниот натпревар од квалификациите за СП 2026.

Фудбалската репрезентација на Македонија е во Велс, каде вечерва се освен пораз ни носи трет шешир.

Ако Македонија денеска победи или одигра нерешено ќе има полесни можни противници за баражот но ако загуби од островската селекција, ќе биде во четвртиот шешир при ждрепката, а тоа носи пеколно полуфинале.

Со комплетирањето на вчерашните средби, познати се три сигурни учесници во првиот шешир, а за уште еден ќе се утврди, но се знаат селекциите.

 

Во првиот сад на баражот со сигурност ќе бидат Италија, Турција, Украина и една од овие репрезентации: Полска/Данска/Австрија.

Италија која во баражот за СП Катар ја исфрливме во Палермо е на 9 место на ФИФА ранкингот а Турција и Украина се на 26 и 27 место.

Македонија е на 65 позиција.

Сите тие бидат супер тешки домаќини во бараж-полуфиналињата.

Во четвртиот шешир се наоѓаат Шведска, Северна Ирска и Романија. Таму ќе бидат уште Македонија или Велс.

Најнови вести од: Македонија

Мирис на свадбарски купус, домашни специјалитети и есенска дружба: Утре „Есенско пазарче“ во Ново Село, Кумановско

Утре, 25 октомври, во Туршијара „Суперкиз“ во Ново Село посетителите ги очекуваат традиционални вкусови, настап на фолклорниот ансамбл „СРМА“, детски активности и работилница за компост. Пазарчето започнува во 10:30 часот.

Милошоски: Македонија е добро позиционирана и кон САД, но и кон ЕУ

Македонија може да води избалансирана и стратешки усогласена надворешна политика, која ќе овозможи истовремено продлабочување на стратешкото партнерство со САД преку дијалогот за стратешко партнерство како и зајакнување на политичките и економските врски со европските партнери

To top