Македонија

Преку интернет канал и група на социјална платформа ја промовирале ИСИС – кривична за терористичка организација

АНБ и МВР со акција против група поврзана со меѓународна терористичка мрежа, опфатени пет лица, ОЈО ГОКК отвори истрага

Во координирана акција на Агенцијата за национална безбедност (АНБ) и Министерството за внатрешни работи (МВР),вчера биле извршени претреси на повеќе локации во Скопје во рамки на предистражна постапка за кривично дело „терористичка организација“, при што се пронајдени и одземени дигитални уреди и друга електронска опрема.

Како што информира МВР, Секторот за борба против тероризам, насилен екстремизам и радикализам при Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал поднел кривична пријава до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција против Ј.К. (30), Ј.М. (22), М.Т. (23), Р.К. (23) и Г.М. (34), поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „терористичка организација“ по член 394-а од Кривичниот законик.

Според МВР, активностите биле преземени врз основа на претходно добиени сознанија и информации од меѓународни стратешки партнери, во соработка со АНБ и под раководство на надлежното обвинителство, со цел идентификување на администратори и членови на интернет апликации што поттикнувале создавање терористичка организација.

Истрагата утврдила дека првоосомничениот Ј.К. кон крајот на 2024 година формирал интернет канал и група во која членувале останатите осомничени, а во текот на 2025 и 2026 година дејствувале како терористичка организација, ширејќи пропагандни и џихадистички содржини, со цел идеолошка индоктринација и глорификација на терористи поврзани со „Исламска држава“.

Според информациите од АНБ, осомничените воспоставувале контакти со медиумско-пропагандни канали на оваа терористичка организација и работеле на создавање локална мрежа за ширење екстремни и насилни наративи, со цел поттикнување терористички активности во државата.

Како дел од групата, тие обезбедувале и логистичка поддршка на лица кои претходно биле опфатени со контратерористички активности, додека дел од осомничените веќе издржуваат казни затвор или се наоѓаат во притвор за кривични дела поврзани со тероризам.

Од АНБ нагласуваат дека активностите се преземени со цел навремено откривање и спречување на заканите по националната безбедност и заштита на уставниот поредок и граѓаните.

Според прибраните докази, првоосомничениот кон крајот на 2024 година формирал интернет канал и група на социјална платформа во која членувале и останатите осомничени. Во текот на 2025 и 2026 година, преку овие комуникациски канали осомничените ширеле содржини со кои се промовирала и поддржувала идеологијата на терористичката организација ИСИС и други идеолошки поврзани терористички организации, како и џихадистички идеолошки материјали. Целта била ширење на пропаганда, идеолошка индоктринација и глорификација на терористички дејствија и нивни извршители, велат од Обвинителството.

Во текот на вчерашниот ден, по наредба на судија на претходна постапка, се извршени претреси на пет локации на подрачјето на Скопје, од кои три во Казнено-поправната установа Затвор Идризово, каде двајца од осомничените се на издржување на казна за друго кривично дело, а еден осомничен е во притвор, како и на две други локации поврзани со останатите осомничени лица. При претресите се пронајдени и одземени повеќе електронски уреди и други предмети што ќе бидат предмет на вештачење и понатамошна доказна постапка.

Судијата на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје делумно го прифати предлогот на јавниот обвинител и на еден осомничен му определи мерка притвор, додека за вториот му е определена мерка куќен притвор.

Најнови вести од: Македонија

Сиљановска-Давкова на Самитот на ЕПЗ во Даблин: Европа не треба да си дозволи да остане недоволно поврзана со Западен Балкан

„Секое одложување на поврзувањето е пропуштена можност. Секоја одложена инвестиција има економска последица. И секоја политичка цел има цена којашто не ја плаќаат институциите, туку граѓаните“

(Видео): Филипче лаже за Алта банка – немало забрана за работа во ЕУ за банката, тврди ВМРО-ДПМНЕ

Портпаролот на партијата, Валентин Манасиевски, на прес-конференција го обвини претседателот на СДСМ, Венко Филипче, дека шири невистини за банката и за нејзиниот сопственик Давор Мацура.

(Видео): СДСМ поднесе кривична пријава за Трајко Славески – бара да му се воведат мерки на претпазливост

СДСМ бара мерки на претпазливост за Трајко Славески и за останатите лица, вклучително привремена забрана за вршење должности на сите инволвирани, за, како што рече Димитријевиќ, да се спречи влијание врз сведоците и можно уништување на документацијата.

Стојаноски: СДСМ бега од вистината за Алта банка, бараме итно продолжување на надѕорната расправа

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски денеска изјави дека СДСМ одбива да свика продолжение на надѕорната расправа за Алта банка, по вчерашните случувања на седницата.

Порибено Преспанското Езеро со речиси 7 илјади млади крапови

Порибувањето е спроведено од страна на регистрираното мрестилиште „Акватика“ од Неготино за чија реализација се обезбедени 500.000 денари од страна на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство преку Програмата за финансиска поддршка во рибарството и аквакултурата за 2026 година.

„Н.М.“: Пукнатините во ЕУ се сè подлабоки! Каква доверба во неа да има Македонија, кога чека со години пред нејзините врати?!

Европа сè поретко е на главните маси на кои се носат важните геополитички одлуки, а сè почесто е во улога на набљудувач, коментатор или спореден учесник на настаните. Земјите- членки на ЕУ ја користат секоја можност пред донесувањето на заедничките одлуки да се осврнат на своите национални потреби како приоритетни, дури и кога станува збор за интереси на целата Унија. Во ЕУ се редат закани со блокади, финансиски условувања и национални калкулации. Каква доверба во таква Европа треба да имаат земјите кандидати, што со години чекаат пред нејзините врати? – ова се истакнува во анализата со наслов „Пукнатините во ЕУ сè повеќе се продлабочуваат! “, која е објавена во весникот „Нова Македонија“.

Савески: Јавното обвинителство ќе постапува по секоја кривична пријава поврзана со Алта банка!

„Ќе мора и надлежниот обвинител да ги провери наводите и да преземе соодветни истражни дејства.“ – истакнува државниот јавен обвинител Ненад Савески во интервјуто за емисијата „Клик Плус“ на ТВ21, кое ќе се емитува вечерва во 21:30 часот.

To top