Македонија

Премиерата на „Утре наутро“ на Јани Бојаџи наполни четири сали во Синеплекс

Филмот „Утре наутро“ во режија и по сценарио на Јани Бојаџи ја доживеа својата премиера пред огромна публика која исполни четири сали во Синеплекс

Филмот „Утре наутро“ во режија и по сценарио на Јани Бојаџи ја доживеа својата премиера пред огромна публика која исполни четири сали во Синеплекс.

Приказната за две жени кои бараат доволно причини, едната да замине, а другата да остане во земјата, полни со надеж дека утре наутро ќе биде подобро од денеска, ја гледаа бројни претставници на политичкиот и културниот живот во земјава.

„Филмот е посветен на сите оние жени во Македонија кои се подготвени да ги одбранат семејствата и заедницата на која се посветени“, вели Јани Бојаџи, режисер и сценарист на филмот.

 

Аида, млада докторка Ромка е силувана од нејзин постар колега, инаку влијателен хирург. Корумпираниот суд ја отфрла нејзината тужба со образложение дека за време на настанот таа не давала доволно силен отпор. Јоана Пеласка, сопругата на поранешниот премиер и нејзините деца се прогонувани заради видеофајлот на кој се гледа што се случило во нивната куќа вечерта кога американскиот амбасадор од таму ќе украде мала бронзена античка фигурина на која е претставено „Силувањето на Европа“.

Аида од жртва се претвора во насилник. Јоана е прогонувана од корумпираната политичка елита со моќ, за дела што ги направила во минатото. И од насилник се претвора во жртва. Откако ќе им се вкрстат животните патишта, двете жени бараат доволно причини – едната да замине, а другата да остане во Македонија И сè ќе се преврти наопаку откако малолетниот син на Јоана ќе убие полицаец на должност…

Сценарист и режисер е Јани Бојаџи, продуцент: Јани Бојаџи, извршен продуцент: Дејан Милошевски, директор на фотографија: Дарио Секуловски, монтажер: Давид Дулев, продукциски дизајнер: Јани Бојаџи, сценограф: Гоце Попов, костимограф: Зорка Тодорова, шминкер: Ирена Сенокозлиовска, композитор: Јани Бојаџи.

Во главните улоги- Нина Деан и Ирена Илиевска, а во останатите улоги:Гоце Андонов, Јана Никодиновска, Кети Дончевска Илиќ, Бајрам Северџан, Горан Стојаноски, Васил Зафирчев, Роберт Вељановски, Благој Веселинов, Јана Вељановска, Димитрина Мицкоска.

Синоќа, комплетната екипа од филмот се поклони пред публиката во салите, а веќе од 20 ноември почнува целосна дистрибуција низ Македонија и денеска (20 ноември) веќе ќе го погледне публиката во Штип, Велес, Богданци, Струга и Крива Паланка.

Продуценти се: Синемон медија фактори, Револушн продакшн во соработка со Алфа Национална телевизија.

Најнови вести од: Македонија

Михаилов: Граѓаните да не купуваат дрва од дрвокрадците по пониски цени, оти тоа значи директна поддршка за нив!

Граѓаните да не купуваат дрва од дрвокрадците по пониски цени, овој повик го упати заменик директорот на ЈП „Национални шуми“, Кире Михаилов. Тој посочува дека ваквата набавка на дрва од страна на граѓаните значи и директна поддршка на дрвокрадците, кои ги пустошат македонските шуми.

Димитриевски: ЗНАМ поддржува средба и разговор со Бугарија, но без отстапки околу македонскиот идентитет и јазик

Македонија има европска определба, но и јасно поставени црвени линии кога станува збор за македонскиот идентитет, јазик и култура. Ставот што ЗНАМ го застапува е и став на Владата и државна позиција на Македонија, нагласи претседателот на Движењето ЗНАМ Максим Димитриевски на денешната средба со граѓани во Гостивар.

Клековски: Околу 1.000 нови случаи на рак на дојка годишно во Македонија, ќе се преиспитува скрининг-програмата

Околу 1.000 нови случаи на рак на дојка се регистрираат годишно во земјава, а во моментов околу 7.000 пациентки се лекуваат или се лекувале, изјави министерот за здравство Сашо Клековски на „Розовиот пикник појадок“ во Скопје во Паркот кај Школка, организиран од ХЕМА-ОНКО. Настанот го поддржа и претседателката на Македонија Гордана Сиљановска-Давкова, како и голем број жени кои присуствуваа, за да ги слушнат пораките за важноста на превенцијата, раното откривање и отворениот разговор за ракот на дојка.

Целосно слеп човек повикан да докажува дека е слеп и му била намалена помошта – ДКСК утврди дискриминација од стручната комисија

Човек целосно слеп на двете очи, чија здравствена состојба е медицински утврдена како трајна и непроменлива, повторно бил повикан на контролен преглед за да му се проценува потребата од туѓа помош и нега. Помошта што претходно ја добивал му била определена во помал обем.

To top