Македонија

Претседателката до децата од аутистичниот спектар: Верувајте во себе како што верувам јас во вас

Искористете го својот талент и покажете дека го можете она што го може и секој од нас, на свој начин, е пораката од Сиљановска-Давкова

Благодарна сум што имав можност да се нурнам во еден искрен свет, исполнет со длабоки емоции и бои што ја облагодаруваат сечија душа, објави претседателката ГорданаСиљановска-Давкова откако присуствуваше на изложбата „Огледала на мојот свет“, во организација на здружението „Во Мојот
Свет“.

,,Секое дело раскажуваше своја приказна, вредна колку целиот свет.

Младите и талентирани сликари, Филип Циглењак Симоновски и Јана Иванова, зрачат со чиста и креативна енергија што допира до секого, на единствен и неповторлив начин.

Нивните дела се предвесници на големи уметнички дострели”, порачува Сиљановска-Давкова.

Таа ја коментира и пораката на малиот уметник Филип, кој вели: „Секоја слика што ја гледате денеска е мој начин да ви кажам дека јас сум тука, јас чувствувам, јас вредам!“.

Се работи за силен и хуман апел за поголема видливост и прифаќање на лицата од аутистичниот спектар и атипичен развој во македонското општество, смета претседателката која вели дека се одзвала на поканата да се слави уметноста на децата од аутистичниот спектар затоа што верува во нив.

,,Верувајте и вие во себе, искористете го својот талент и покажете дека го можете она што го може и секој од нас, на свој начин”, е пораката од Сиљановска-Давкова.

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски: Ако не се свртиме кон семејните вредности и многудетните семејства економијата ќе биде на удар

Ако не се свртиме кон семејните вредности и кон многудетните семејства и ако тие вредности не ги промовираме, македонската економија ќе биде прва која што ќе биде на удар, истакна денеска премиерот Христијан Мицкоски, коментирајќи ја изјавата на вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски дека до 2030 година годишно ни се потребни 50.000 странски работници, за да го држиме нивото на БДП што го имаме сега.

ОКТА продолжува со попуст од два денари по литар дизел гориво

Како одговор на најновите случувања на меѓународните пазари на горива, ОКТА АД – Скопје воведува привремен попуст од 2 денари по литар дизел гориво, со важност од денеска, 20 октомври 2026, до 2 ноември 2026 г.

(Фото): Работна средба за инфраструктурните приоритети на Карпош

Градоначалникот на Општина Карпош, Сотир Лукровски, се сретна со ресорниот министер за транспорт, Александар Николоски, каде беа разгледани тековните инфраструктурни проекти и можностите за нови инвестиции во интерес на граѓаните.

To top