Македонија

Продолжува судењето: Убиствата на Вања и Панче биле планирани!

На претходното рочиште заврши доказната постапка и се започна со дополнение на докази од Обвинителството помеѓу кои имаше снимки од безбедносните камери кај Велибор Манев кои, според Обвинителството, покажуваат дека обвинетите однапред се подготвувале за убиство, а не само за киднапирање на Вања Ѓорчевска. На една од снимките, која ја покажа ОЈО, се гледа како […]

На претходното рочиште заврши доказната постапка и се започна со дополнение на докази од Обвинителството помеѓу кои имаше снимки од безбедносните камери кај Велибор Манев кои, според Обвинителството, покажуваат дека обвинетите однапред се подготвувале за убиство, а не само за киднапирање на Вања Ѓорчевска.

На една од снимките, која ја покажа ОЈО, се гледа како Манев внесува лопата во „рено кангу“, пред првиот обид да се грабне девојчето.

Иако ова упатува на заклучокот дека обвинетите немале намера да бараат откуп, сепак обвинителството останува на мотивот киднапирање од користољубие.

Обвинителките пред медиумите изјавија дека с’е ќе објаснат во завршниот збор.

Најнови вести од: Македонија

Сиљановска-Давкова: Спорот не се сведува само на јазикот тој задира и во други идентитетски прашања

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен неодамна јавно побара продолжување на разговорите, а претседателот на Европскиот совет Антонио Кошта во Софија настапи со слична порака, дури и посочувајќи на потребата од одредени гаранции. Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова ова го толкува како јасна промена во односот на Унијата.

Зошто во Македонија секој трет стан е празен?!

Во Македонија има доволно станови за парадоксот да изгледа неверојатно: според последниот попис, повеќе од 307 илјади станови се ненаселени, односно секој трет стан во земјата нема постојани жители. А сепак, квадратниот метар продолжува да поскапува, во Скопје и Охрид на атрактивните локации веќе се пробиваат и границите од 3.000 евра.

To top