Македонија

Разузнавачите кои минаа низ пекол го отворија прашањето за одговорност на безбедносни агенции

Ќе оди ли некој в затвор за незаконскиот прогон кој државата ќе ја чини стотици илјади евра

Откако судовите утврдија дека поранешни разузнавачи меѓу кои и екс техничкиот министер за внатрешни работи Наќе Чулев биле незаконски гонети и ги добија судските процеси против директорите на АР и ДБКИ се поставува прашањето кој ќе одговара за реваншизмот во тајните служби?

Статусот на Фејсбук на поранешниот министер за внатрешни работи Наќе Чулев поставува огромна дилема за законска одговорност на лица кои со своите решенија предизвикуваат финаниска штета која сега ќе биде исплатена на оштетените разузнавачи.

Само незаконските одлуки на поранешниот директор на Агенцијата за разузнавање Еролд Муслиу кој од работа избркал најмалку четири лица на база на одземени безбедносни сертификати државата ќе ја чини стотици илјади евра.

Откако судовите пресудија дека разузнавачите не прекршиле закони и индиректно утврдија дека лицата биле жртви на политички прогон некој ттеба да одговара за тоа но и за штета на буџетот.

Чулев објави дека по повеќегодишна битка добил пресуда во негова корист со што се докажало дека станува збор за политички прогон, а не за вистински причини за решенијата на Муслиу.

Три суда, Управниот, Граѓанскиот и Врховниот суд ги поништиле решенијата на надлежните органи, вклучително и на Дирекцијата за безбедност и класифицирани информации (ДБКИ), која сѐ уште ја води директорот Стојан Славески.

Оштетените веќе најавија поднесување на кривични пријави против одговорните службени лица поради сомневање за злоупотреба на службената положба во АР и ДБКИ, а потоа ќе бараат и надомест за претрпена штета.

Чулев вели дека од власта на СДСМ бил прогласен за безбедносен ризик на државата.

„Тоа беа години на јавно понижување и дискредитација, медиумски конструкции и лажни наративи, како и силен притисок врз моето семејство и моите деца. Човек кој речиси 25 години чесно служел во безбедноста на државата и соработувал со меѓународни партнери, одеднаш беше прогласен за ‘безбедносен ризик’ – не поради дело, туку поради политичка одлука и затоа што јавно зборував за корупцијата и аномалиите во системот. По долгите судски процеси, судовите утврдија дека одземањето на безбедносниот сертификат и моето отпуштање биле незаконски, дека целата конструкција била неправична и политички мотивирана, а против сторителите е поднесена кривична пријава за злоупотреба на институциите, за која очекувам институциите да постапат, а сторителите да одговараат“, напиша Чулев.

Овие пресуди за незаконски откази, за незаконско одземање на сертификатите и незаконски прекин на важноста на сертификатите државата допрва ќе треба да ги преточи во милионски обештетувања. Прашањето е дали ќе одговараат одговорните лица на АР и на ДБКИ за ваквото нивно самоволие, тогашните директори Еролд Муслиу и Стојан Славески.

Најнови вести од: Македонија

(Фото): 25 години СОС Детско село – четврт век поддршка што менува животи

Под слоганот „Менуваме животи“, СОС Детско село одбележа 25 години постоење и работа во Македонија со јубилеен настан во Македонскиот народен театар, под покровителство на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова.

Признание за квалитет и гостопримство: „Limak Skopje Luxury Hotel“ е најдобар сместувачки капацитет за 2026 година

Добриот хотел е многу повеќе од адреса на која се престојува. Тој е место што го дефинира првиот впечаток за еден град, простор за деловни средби и одмор, но и место што остава трага долго по заминувањето. Токму затоа наградата „Најдобар сместувачки капацитет за 2026 година“ има посебно значење за Limak Skopje Luxury Hotel.

Сиљановска-Давкова очекува ново поглавје со Грција со bona fide политика

Грчкиот амбасадор најавил грчка поддршка на македонскиот пат кон ЕУ, информирајќи дека проширувањето на Унијата со земјите од Западен Балкан ќе биде приоритет на грчката агенда за време на претседавањето

To top