Македонија

Решен проблемот – Клиниката за белодробни заболувања „Козле“ доби вода

Министерството за здравство информира дека водоснабдувањето во Универзитетската клиника за белодробни заболувања кај децата „Козле“ е целосно нормализирано.

Решен проблемот. Водоснабдувањето во Универзитетската клиника за белодробни заболувања кај децата „Козле“ е целосно нормализирано, информира Министерството за здравство.

„Хоспитализацијата на пациентите продолжува непречено, а здравствената установа функционира во целосен капацитет“, стои во соопштението од Министерството, од каде нагласуваат дека остануваат посветени на следење на состојбата и обезбедување континуирана здравствена заштита за најмладите пациенти.

Инаку проблемот настана поради намален притисок и целосен прекин на водоснабдувањето, што беше резултат на енормно зголемената потрошувачка на вода и локацијата на болницата во висока урбанистичка зона.

Директорката на установата, Катерина Бошкова, претходно изјави дека во текот на водниот прекин, болницата се снабдувала со техничка вода преку цистерни од ЈП „Водовод и канализација“, а пациентите се примале со минимални ограничувања – најмногу во лабораторијата за венска крв.

Како итна мерка, пациентите кои требаше да бидат хоспитализирани беа времено пренасочувани во други две клиники – за Детски болести и за Инфективни болести и фебрилни состојби. Истовремено, во Козле продолжи со работа дневната болница и амбулантските прегледи.

Од ЈП „Водовод и канализација – Скопје“ повторно апелираа за рационално користење на водата, предупредувајќи дека градскиот систем е под сериозен притисок и има ограничени природни ресурси.

Најнови вести од: Македонија

Велешанка (61) касната од пајак „црна вдовица“, работејќи на поле во Еловец, Велешко – заврши на Токсикологија

Велешанката е хоспитализирана откако пред неколку дена била касната од пајак – „црна вдовица“ додека работела на поле во велешкото село Еловец. Побарала помош откако отровот почнал да делува, а по укажаната помош во Велешката болница префрлена е на понатамошен третман на Клиниката за токсикологија во Скопје.

Објавени се резултатите од првото издание на регионалниот поетски конкурс „Ars Lyrica Balcanica – Регионална поетска награда“

Жири-комисијата ги додели наградите врз основа на поетската вредност, автентичноста на авторскиот глас, стилската зрелост и целосниот книжевен впечаток на творбите.

Вреди: Корумпираното раководство на ДУИ, алчно за власт, оди против Рамковниот договор и го блокира законот за правична застапеност!

„Албанците дочекаа Али Ахмети да блокира Закон за правична застапеност и со тоа да урива еден од темелните принципи на Охридскиот рамковен договор, заради алчност за власт!“ – рече на денешната прес-конференција на Вреди портпаролот Дритон Сулејмани.

Стратешкиот притисок на Индија на Балканот и реалноста на глобалната дипломатија

Анализа на британска авторка која посетата на Мурму на Македонија ја поврзува со прагматската архитектура на меката моќ која се случува надвор од историската носталгија на Балканот

To top