Македонија

Робот пречекуваше гости на настан за енергетска транзиција

Дигиталните технологии, автоматизацијата, анализата на податоци и вештачката интелигенција сет неопходен предуслов за модерен, ефикасен и отпорен енергетски систем, но најважни ресурси се луѓето и знаењето, порача министерката за енергетика, Сања Божиновска.

Дигитализацијата, вештачката интелигенција и паметните енергетски системи ќе имаат клучна улога во создавањето сигурен, одржлив и конкурентен енергетски сектор, порача министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска на настанот „Дигитализација и иновации за сигурна и одржлива енергетска транзиција“, организиран од Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини во соработка со Машинскиот факултет – Скопје и во партнерство со Факултетот за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ). Присутните гости при влезот на настанот имаа можност да се запознаат со иновативно технолошко решение развиено од студентите и истражувачите на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ). Робот, програмиран на ФИНКИ, ги пречекуваше и ги поздравуваше учесниците, симболично претставувајќи ја поврзаноста меѓу дигиталните технологии, иновациите и иднината на енергетскиот сектор, што беше и една од централните теми на настанот.

Настанот обедини претставници на академската заедница, енергетските компании, ИТ секторот и институциите, во заедничка дискусија за улогата на современите технологии во енергетската трансформација на државата и регионот.

Во своето обраќање министерката Божиновска истакна дека енергетската транзиција денес не претставува само замена на традиционалните извори на енергија со обновливи извори, туку длабока трансформација на целиот енергетски систем.

  • Дигиталните технологии, автоматизацијата, анализата на податоци и вештачката интелигенција стануваат неопходен предуслов за создавање модерен, ефикасен и отпорен енергетски систем. Но, ако има еден ресурс што е поважен од секоја технологија, инфраструктура или инвестиција, тоа се луѓето. Најголемиот капитал на една држава е знаењето – нагласи Божиновска.

Таа посочи дека Македонија е цврсто определена кон изградба на одржлив енергетски сектор кој ќе обезбеди сигурно снабдување со енергија, ќе ја зајакне конкурентноста на економијата и ќе придонесе за исполнување на климатските и европските обврски на државата.

Во панел-дискусијата „Од иновација до имплементација: дигитални и инженериски решенија за сигурна енергетска транзиција“, министерката истакна дека Македонија денес поминува низ една од најзначајните трансформации во својата енергетска историја.

  • Нашата цел не е само да ги следиме европските трендови, туку активно да се позиционираме како земја која создава услови за модерна, одржлива и конкурентна енергетика. Во последните години значително се зголемија капацитетите од сонце и од ветер, а интересот на инвеститорите продолжува да расте. Тоа е доказ дека Македонија станува препознатлива како сигурна дестинација за инвестиции во чиста енергија – истакна Божиновска.

Таа нагласи дека следната фаза од транзицијата подразбира многу повеќе од изградба на нови производствени капацитети.

  • Вистинскиот предизвик е интеграцијата на обновливите извори во електроенергетскиот систем. Затоа фокусот денес е ставен на батериските системи за складирање на енергија, паметните мрежи, дигитализацијата и модернизацијата на инфраструктурата – рече Божиновска.

Осврнувајќи се на законските реформи, Божиновска посочи дека новиот Закон за енергетика претставува историски чекор со кој државата добива современа регулаторна рамка усогласена со европското законодавство.

  • Законот отвора простор за развој на батериски системи за складирање на енергија, паметни мрежи, дигитални услуги, активни потрошувачи и енергетски заедници. Во тек е подготовка на подзаконските акти кои ќе овозможат целосна имплементација на тие решенија – истакна таа.

Говорејќи за предизвиците со кои се соочува енергетскиот систем, министерката нагласи дека државата паралелно работи на зголемување на домашното производство на електрична енергија, модернизација на преносната и дистрибутивната мрежа и на зајакнување на регионалната енергетска поврзаност.

  • Голем дел од инфраструктурата е изграден пред повеќе децении и потребни се сериозни инвестиции за да може системот безбедно да ги прифати новите производствени капацитети. Паметните мерни уреди, напредните системи за управување со мрежата и новите дигитални технологии ќе имаат клучна улога во одржувањето на стабилноста и сигурноста на снабдувањето – рече Божиновска.

Таа потсети и на стратешките инфраструктурни проекти што се реализираат, меѓу кои интерконекторот за природен гас со Грција и електроенергетската интерконекција Битола-Елбасан со Албанија, кои ќе придонесат за поголема енергетска безбедност, диверзификација на изворите и за подобра интеграција на регионалниот енергетски пазар. Посебен акцент беше ставен и на улогата на образованието, науката и развојот на човечкиот капитал.

  • Иднината на енергетиката ќе ја водат луѓе кои подеднакво ги разбираат инженерството, дигиталните технологии и потребите на современото општество. Затоа инвестициите во знаење се инвестиции со најголем поврат. Токму младите инженери, истражувачи и иноватори ќе бидат носители на енергетската трансформација во наредните децении – порача Божиновска.

Учесниците на настанот се согласија дека .дигитализацијата повеќе не е избор, туку предуслов за успешна енергетска транзиција, а соработката меѓу институциите, академската заедница, енергетскиот и ИТ секторот ќе биде клучна за создавање сигурен, отпорен и конкурентен енергетски систем подготвен за предизвиците на иднината, соопшти Министерство за енергетика, рударство и минерални суровини.

Најнови вести од: Македонија

Тачи: Албанските партии треба да се договорат за документ за целосна политичка и територијална автономија на Албанците во Македонија!

Лидерот на ДПА, Мендух Тачи, меѓу другото, во емисијата „Дијалог“ на медиумската платформа на „Лајм“  зборуваше и за „потребата од постигнување договор меѓу албанските партии за одобрување на документот за целосна политичка и територијална автономија“.

Агатангел: ВМРО-ДПМНЕ ќе владее колку Тито, оваа Влада ја консолидира Македонија како држава и ги штити националните интереси!

Митрополитот Повардарски Агатангел изрази целосна поддршка за премиерот Христијан Мицкоски и актуелната Влада, оценувајќи дека државата е во сигурни раце, во интервју за телевизија „Алфа“, тој прогнозираше дека ВМРО-ДПМНЕ ќе остане на власт онолку долго колку што владеел Јосип Броз Тито.

Наумовски: Победата на опозицискиот претседателски кандидат во Бугарија води до предвремени парламентарни избори

-Според некои анализи, тие имаат изгубено можеби две третини од гласовите од парламентарните избори и, според мене, тоа е прв показател дека поддршката која ја имаше Радев на парламентарните избори веќе е значително намалена. Се покажува дека релативно комотната позиција која Радев ја имаше како претседател на државата е различна од состојбата која сега ја има да решава проблеми како премиер, рече Наумовски. По социјалните мрежи имаше една шега дека има низок одѕив на изборите во Бугарија затоа што сите бугарски возови заминале во Србија Ова во „Наткаст“ на „Курир“ го изјави Васко Наумовски, универзитетски професор и поранешен вицепремиер за евроинтеграции.

Мицкоски: Достигнат е БДП од 20 милијарди долари, целта е 22 милијарди! – Опозицијата би се радувала РМ да потоне во нивното политичко мочуриште!

Податоците на Државниот завод за статистика за конечните бројки за 2024 за растот на бруто домашниот производ и ревидираните бројки за 2025 се во нагорна линија од 3,8 отсто, со што Владата ја постгна поставената цел до крајот на мандатот номиналниот бруто домашен производ да биде 20 милијарди долари, сега цели кон 22 милијарди долари, информира денеска премиерот Христијан Мицкоски.

Средба Муцунски-Клеин: Непрестаен развој на односите и одличната соработка меѓу Македонија и Унгарија

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија на Република Македонија Тимчо Муцунски денеска оствари средба со новоназначениот специјален пратеник на Министерството за надворешни работи на Унгарија за Западниот Балкан, амбасадорот Андраш Клеин.

Најнови вести

To top