Македонија

Сали не попушта: На албански ќе се полага правосудниот испит

Уставот се чита на различни начини, вели вицепремиерот

За полагаше на правосудниотн испит на албански јазик, должни сме да најдеме начин и да им помогнеме на студентите, изјави вицепремиерот Беким Сали во емисијата „Трилинг“ на ТВ24 рече дека како политичари се должни да најдат начин да им помогнат на студентите.

„Ние сме држава 35 години. И неколку пати како Албанци се соочивме со некои недостасувачки права. За овие права, беа потребни десетици години за да се стигне до конечниот резултат, имено додека не го добија тоа фундаментално право што го побараа. Верувам дека логиката треба да се стави пред оние правни и административни пречки што го спречуваат користењето на кое било основно право на кое некого му следува“, рече Сали.

Иако министерот Филков рече дека Уставот треба да се чита, Сали рече дека ова се чита на различни начини.

„Го читаме Уставот! Ќе повторам дека Уставот се чита на различни начини. Бидејќи Уставот е на некој начин насочен и кон одреден закон и ако тој закон не е добро дефиниран за да го опфати овој дел од барањето на студентите, мислам дека ние сме должни како политичари да најдеме начин да им помогнеме на тие студенти, бидејќи тие се граѓани на оваа држава, студирале тука, студирале на факултети каде што ние сме ги акредитирале, поддржувале и финансирале како држава. И на крајот на краиштата, не можеме да им го одземеме правото на кој јазик ќе бидат обраќани во клучниот момент од нивното студирање“, изјави Сали.

Најнови вести од: Македонија

Македонската култура во фокусот на 35. Меѓународен саем на книгата во Абу Даби

Во рамки на програмата „Балканска култура – почесен гостин“, Македонија на посетителите им претставува дел од своето богато и повеќеслојно културно наследство, како и современата книжевна продукција

Модернизиран команден центар, „Безбеден град“ ставен во функција во Велес

Новиот команден центар е сместен во целосно реконструирани и реновирани простории кои во минатото биле користени од Министерството за одбрана, а потоа околу 15 до 20 години не биле во употреба. Со нивното ставање во функција, СВР Велес добива современ простор од кој се реализираат активностите поврзани со системот „Безбеден град“

Крст во чест на 63-те жртви од „Пулс“ поставен на влезот во Кочани

Овој крст ќе нè потсетува и на болката и трагедијата што се случи овде во нашиот град. На повредените нека им подари здравје, сила и поткрепа да закрепнат и дај Боже постојано да останеме во заедница, во љубов со Бога, со силата на крстот

СДСМ бара истрага за 5,5 милиони евра за прославата

Пет милиони евра народни пари кога ќе се потрошат, граѓаните мора да знаат секој денар, секое евро каде завршило. Владата мора да ги објави договорите, анексите, фактурите, банкарските исплати, примателите, изведувачите, добавувачите и пресметаните даночни обврски

Мицкоски: Потврдувањето на кредитниот рејтинг од страна на „Фич“ е уште една лоша вест за опозицијата

​Три години водат кампања дека секоја година само што не сме банкротирале, буџетот бил без пари, економијата назадувала и така натаму. ​Одговорите стигаат од сите страни, од Светска банка, од Меѓународниот монетарен фонд, еве и од сега од реномирани кредитни агенции како што е „Фич“

To top