Македонија

Самонаречената Македонка се бори за Грците во Албанија мижи за Македонците во Грција

За Грците мајка, за Македонците маќеа

Претседателката на грчката партија ГЛАСОТ НА РАЗУМОТ и европратеничка, Афродити Латинопулу, која на расправата за годишниот извештај за Македонија во Европарламентот ги прогласи Македонците за Бугари, се фали со постигната голема победа во Европскиот парламент.

 

Гркинката која се се фали дека е вистинска Македонка вели дека со три нејзини амандмани, поднесени за заштита на грчкото малцинство и Православната црква во Албанија, бил усвоен Годишниот извештај на Комисијата за напредокот на процесот на пристапување на Албанија.

 

,,Ова е невиден дипломатски успех, кој ја разоткрива грчката влада која мрзливо гледа додека ГЛАСОТ НА РАЗУМОТ води битки во европските институции за одбрана на нашите национални права”, пишува европратеничката која открива дека амандманите што успеа да ги вклучи во извештајот се однесуваат на:

 

1. Целосна гаранција за автономијата на Православната автокефална црква на Албанија и итно прекинување на каква било владина интервенција во црковните назначувања и имотните права.

 

2. Обезбедување основно и средно образование на мајчин јазик за сите национални малцинства, со акцент на грчкото образование во традиционалните домови на Северен Епир.

 

3. Заштита на верското и културното наследство на грчкото малцинство, реставрација на цркви и гробишта и спречување на рушење што му штети на нашето историско присуство.

 

Латинопулу во исто време одбива да прифати постоење на македонско малцинство во Грција кое предходно ја покани да докаже дека е вистинска Македонка.

 

,,Македонката” Латинопоулу доби покана да докаже дека е вистинска Македонка (ВИДЕО)

Најнови вести од: Македонија

Интервју: Глупост е Самуил да се враќа во Бугарија, тој таму никогаш и не бил, вели професор Атанасовски

Професорот Александар Атанасовски, чија специјалност е средниот век, вклучително и времето на Византија и Самуиловото Царство, беше гостин во емисијата Радио Точка, во рамки на програмата Хоризонт на Бугарското национално радио БНТ. Централна тема – договорот меѓу Бугарија и Грција за пренесување на наводните коски на цар Самуил од Солун во Софија.

(Фото): Означен стартот на 22. издание на „Виз Ер Скопски маратон“, улиците преполни со учесници

Град Скопје е покровител на спортската манифестација, а градоначалникот вели дека градските служби се подготвени да ја обезбедат потребната поддршка за нејзино успешно одржување.

Пола Скопје ќе биде затворено за сообраќај – стартува 22. издание на „Виз Ер“ Скопскиот маратон

Од Министерството за внатрешни работи апелираат граѓаните да го избегнуваат движењето по овие сообраќајници во периодот од 06:00 до 14:00 часот и да ги почитуваат наредбите на полициските службеници на терен.

(Видео): Државата е енергетски стабилна, се очекува поевтинување на горивата, вели Мицкоски

Државата не е голем потрошувач на гас и постои план за справување со можните предизвици, велат од Владата. Премиерот кажа и дека разговарал со големите нафтени компании. Премиерот очекува и поевтинување на горивата веќе од следната недела.

To top