Македонија

Самсунг (“Samsung”) го претставува 14-метарскиот Onyx Cinema LED екран на CinemaCon 2026

Најновиот модел ги нуди истите клучни перформанси и сигурност како и 5-метарската и 10-метарската верзија, сега оптимизиран за поголеми премиум кина.
Со дизајн што може да се скалира, водечка сигурност во индустријата и растечка глобална примена, “Samsung“ го проширува своето водство во премиум кино LED технологијата

Компанијата Самсунг (“Samsung“), денес на CinemaCon 2026 објави нова стандардна големина од 14 метри за својата Onyx (модел ICD) Cinema LED линија, со што ја проширува платформата во поголеми премиум аудиториуми. Новиот модел е дизајниран за кина со премиум голем формат (Premium Large Format – PLF) и нуди ист квалитет на слика, сигурност и градација што ја дефинираат платформата Onyx на поголемо ниво.

Како што кината го поместуваат прагот за премиум, диференцирани искуства, салите со поголем формат стануваат клучен приоритет за кино-операторите. Новиот 14-метарски формат на Samsung е дизајниран да одговори на оваа побарувачка, овозможувајќи поголема имерзивност, оптимизирани распореди на седиштата и поефикасна употреба на просторот во киното.

“Луѓето одат во премиум кина за нешто што не можат да го рекреираат дома”, изјави Хјунг Џе Ким (Hyoung Jae Kim), Извршен потпретседател на Одделот за визуелни дисплеи (Visual Display – VD) во Samsung Electronics. “Тоа го подигнува нивото за секој дел од аудиториумот, почнувајќи од екранот. Новиот 14-метарски Onyx на Samsung им дава на кино-операторите начин да го донесат премиум искуството во поголемите сали, помагајќи повторно да се врати посетувањето кино како дестинација.”

 

Проширување на премиум кино-искуството со екрани до 20 метри

Од своето деби во 2017 година, Samsung Onyx го прошири она што LED-киното може да го понуди со длабоки црни тонови, богати бои и впечатлив контраст. По минатогодишното лансирање на моделот од 5 метри за бутик-кина и моделот од 10 метри за премиум аудиториуми, “Samsung“ сега ја проширува понудата со стандардна големина од 14 метри, дизајнирана за поголеми кино-простори.

Новиот модел го носи истото основно Onyx искуство, вклучувајќи поддршка за до 4K 120Hz, исклучителна јасност и ултра-глатко движење, додека воведува две карактеристики приспособени на форматот од 14 метри:

Пикселна густина од 3,3 мм: оптимизирана за форматот од 14 метри за да испорача остар, конзистентен квалитет на сликата на поголем екран.
Поддршка за флексибилно скалирање: овозможува проширување на форматот од 14 метри до 20 метри,повеќе од двојно зголемување на вкупната површина на екранот без компромитирање на квалитетот на презентацијата. Можат да се додадат поединечни ЛЕД кабинети од страните и од дното за да се постигне посакуваната големина, создавајќи беспрекорно визуелно искуство од подот до таванот.

Како прв светски кино LED екран со DCI-сертификат, Onyxподдржува и широки (2,39:1) и рамни (1,85:1) соодноси на сликата. Технологијата HDR на Samsung овозможува врвна осветленост до 300 нити, приближно шест пати посветла од конвенционалните кино стандарди. Onyx исто така постигнува 100% волумен на бои при врвна осветленост, додека неговиот бесконечен контрастен однос овозможува вистински нивоа на црна боја за подлабока имерзија и поголеми детали во темните сцени.

Покрај традиционалните проекции на филмови, Onyx е исто така идеален за алтернативна содржина како што се спортови во живо, концерти, гејминг настани и корпоративни презентации. За разлика од конвенционалните системи засновани на проекција, LED-екранот Onyx обезбедува постојана осветленост и квалитет на сликата без оглед на големината на екранот или положбата на седиштето. Компатибилноста со Dolby и GDC медиумските сервери исто така помага во поедноставено управување со киното.

 

Onyx ја проширува глобалната примена ширум премиум кината

Откако минатата година го лансираше најновиот Onyxмодел (ICD), Samsung го прошири своето присуство во премиум кината преку зголеменото прифаќање од страна на кино-операторите и високопрофилните инсталации. Еден од најновите примери е Pathé Dar Essalam во Рабат, Мароко, каде што најновиот Onyx е инсталиран како дел од новоразвиениот премиум кино-комплекс во луксузниот дел на градот.

Дизајниран во соработка со седиштето на Pathé, објектот е позициониран како водечка дестинација споредлива соPathé Палатата во Париз, при што сите четири аудиториуми се опремени со Onyx екрани во конфигурации од 10 метри, 5 метри и скалирани 6,4 метри. Со вкупно 12 Onyx екрани, вклучувајќи четири од најновите Onyx екрани, Pathé сега управува со повеќе Onyx екрани од која било друга кино-компанија во Европа.

Моментумот на “Samsung“ со најновата Onyx линија се протега и на Соединетите Американски Држави. Во декември 2025 година, Trilith Cinemasво Фејетвил, Џорџија станаа првите Американски кина кои ја имаа премиерата на најновата генерација на Samsung Onyxcinema LED екрани, инсталирајќи ги во 5 кино-сали. Лоцирани во една од најактивните продукциски заедници во земјата, киното и нуди на публиката средина што одговара на обемот, визуелните детали и креативната намера на продукцискиот процес.

“Иднината на киното е поттикната од иновации кои го унапредуваат начинот на кој публиката го доживува филмот”, рече Бо Чемблис (Bo Chambliss), Претседател наGeorgia Theatre Company. “Партнерството со Samsungза донесување на најновиот Onyx Cinema LED во кината GTC Trilith претставува значаен чекор напред. Со исклучителна осветленост, контраст и точност на боите, Onyx поставува нов стандард за перформансите на сликата, притоа останувајќи верен на намерата на филмскиот автор. Неговата доверливост ни овозможува да испорачаме постојано врвно искуство за нашите посетители, природен избор за локација која е толку тесно поврзана со креативната заедница.”

Посетителите на CinemaCon 2026 ќе можат да дознаат повеќе за најновите “Samsung“ кино иновации на штандот на Samsung во салите Roman Ballroom 1 и 2 во Caesars Palace во Лас Вегас, каде што ќе бидат претставени најновиот Onyx Cinema LED дисплеј, 3D просторно означување без очила и дигитален рекламен (signage) дисплеј од 115 инчи. Од 13 до 16 април, CinemaCon е официјалната конвенција на CinemaUnited и најголемиот годишен собир на филмската индустрија.

 

За повеќе информации, ве молиме посетете ја официјалната страница на “Samsung“.

 

За “Samsung Electronics Co., Ltd.“

 

“Samsung“ го инспирира светот и ја обликува иднината со трансформативни идеи и технологии. Компанијата го редефинира светот на телевизорите, паметните телефони, уредите за носење, таблетите, дигиталните уреди, мрежните системи и меморија, LSI системите и LED решенијата.

“Samsung“ исто така ги унапредува технологиите за медицинско снимање, HVAC решенијата и роботиката, додека создава иновативни автомобилски и аудио производи преку “Harman“. Со својот екосистем SmartThings, отворената соработка со партнерите и интеграцијата на вештачката интелигенција низ целото свое портфолио, “Samsung“ нуди беспрекорно и интелигентно поврзано искуство. За најновите вести, ве молиме посетете ја страницата “Samsung“ Новости: https://www.samsung.com/mk/news/.

Најнови вести од: Македонија

(Видео): Финансиски стоиме подобро од кога било, иако одредени политички сили шират негативна енергија, вели премиерот

Се надевам дека војната во Заливот ќе заврши и ќе можеме да планираме појасно во периодот што следи, но и да продолжи, ние имаме план и доволно резерви како да одговориме на овој предизвик, рече премиерот од Битола.

Анализа: Колку пари „фрлаат“ Македонците на одмори во Грција?!

Летувањето во Грција и оваа сезона останува најчестиот избор за македонските семејства, особено за оние кои патуваат со автомобил и бараат сместување во Халкидики, Пиерија, Тасос или околината на Солун. Она што е главното прашање е колку пари оставаат македонските туристи во оваа земја. Ако се земе како пример семејство од двајца возрасни и две […]

Вонвременскиот завет на македонскиот војвода Васил Чакаларов: Ако нам ни се стемни, барем на Македонија да ѝ се раздени!

На денешен ден, на 9 јули 1913 година кај леринското село Бел Камен во Егејска Македонија во борба со грчките војници загинува костурскиот војвода Васил Чакаларов, член на Македонската револуционерна организација (МРО). Под негово водство опстојува најголемата ослободена територија во Македонија по Илинденското востание до 27 август 1903 година. Чакаларов и неговата чета биле гонети од страна на грчките сили. На 4 јули 1913 година во Чеган четата била предадена. Тогаш дошло до судир во кој Чакаларов бил полесно повреден, а четата се поделила на два дела. Наредниот ден таа е растурена. Тој повторно бил ранет, но успеал да стигне до планината Вич на 8 јули. Чакаларов бил ранет во градите при борбата со грчки војници на 9 јули во близина на Бел Камен. Тука тој загинал и грчките војници му ја отсекле главата и ја однеле во Лерин, каде што на сиот глас викале: „Го нема Чакаларов, ја нема Македонија, го уништивме Чакаларов, а со него и сите Чакаларовци!“ Покрај храброста и јунаштвата во неговата револуционерна борба за слободата на Македонија и македонскиот народ, легендарниот македонски војвода Чакаларов ќе остане запаметен и по неговата порака, која е своевиден вонвременски завет за сите македонски поколенија: „Ако нам ни се стемни, барем на Македонија да ѝ се раздени!“

Гаши бара одговори од Тирана: Зошто тројца пратеници од Вреди со дипломатски пасоши биле задржани на Ќафасан?

Претседателот на Собранието Африм Гаши бара одговор од Албанија, а во МНР се очекува да биде повикан албанскиот амбасадор во Македонија, Денион Мејдани, дознава „Слободен печат“ од високи функционери од власта, откако вчера, на пратениците Беким Ќоку и Аднан Азизи, како и на заменик-генералниот секретар на Владата, Хасим Муртезани, им бил забранет влез во Албанија. Од Вреди, партијата чии пратеници еден час биле задржани на граничниот премин Ќафасан, иако имале дипломатски пасоши, информираа дека очекуваат официјална Тирана да објасни зошто се задржани функционерите и дали за нив има забрана за влез во Албанија.

Мицкоски: Со блокадата на Изборниот закон Левица прави само театар за мал број на гласачи, кои им веруваат

Премиерот Христијан Мицкоски се уште го чека предлогот на опозицијата за Изборниот законик, со цел тој да биде донесен, а со тоа државата да ги исполни сите од предвидените 10 реформски чекори кои треба да се завршат до средината на месецов, а се од интерес на граѓаните. Пратениците од владејачкото мнозинство, вели, имаат усогласен став дека ќе се прифати секој предлог на опозицијата со вградени препораки на ОБСЕ-ОДИХР и содржано гласање на дијаспората. Она што го прават од опозициската Левица со Изборниот законик, вели, е театар за нивниот мал број гласачи.

Најнови вести

To top