Македонија

СДСМ потврди: Филипче поседува виза, но не поради инвестиции или имот во Дубаи

СДСМ потврди дека лидерот на опозициската партија Венко Филипче поседува „златна виза“ од Дубаи, но демантира дека ја поседува на основа на стекнат имот или инвестиција во овој емират. – ВМРО-ДПМНЕ во целосна безидејност продолжува да лаже иако претседателот на СДСМ, Венко Филипче јасно кажа дека не поседува никакви инвестиции ниту имот во Обединетите Арапски […]

СДСМ потврди дека лидерот на опозициската партија Венко Филипче поседува „златна виза“ од Дубаи, но демантира дека ја поседува на основа на стекнат имот или инвестиција во овој емират.

– ВМРО-ДПМНЕ во целосна безидејност продолжува да лаже иако претседателот на СДСМ, Венко Филипче јасно кажа дека не поседува никакви инвестиции ниту имот во Обединетите Арапски Емирати.

Филипче поседува виза која не е добиена на основ на никакви инвестиции или сопственост на имот.

ВМРО-ДПМНЕ наместо да лаже во континуитет и да се обидува да дефокусира, треба да почне да реализира нешто за граѓаните кои од оваа власт освен неспособност, лаги и напади на опозицијата ништо друго не виде веќе цела година,соопшти СДСМ.Од друга страна ВМРО-ДПМНЕ го прозва Филипче да објасни на каков начин ја стекнал оваа „златна виза“.

– Филипче молчи за потеклото на златната виза за Дубаи, која може да се добие само преку инвестиции. Филипче 3 месеци ја лаже македонската јавност. Прво велеше дека нема виза, па потоа призна дека има. Овие менувања на ставови на Филипче, не се нови

Лаги и менување на ставови на дневна основа, правеше неговиот ментор, Зоран Заев. Филипче како чирак и ученик на Заев, продолжува по неговите стапки. Ем лаже, ем манипулира, ем златна виза за Дубаи. Македонската јавност заслужува одговори. Филипче мора да одговори на тоа од каде му е нему златна виза и како дошол до неа? Дали има приватен бизнис кој го крие од јавноста? Дали можеби Филипче има удел во бизнисот на Заев за градење 50 катница во Дубаи? Филипче и Заев треба да се минато во македонската политика и да одговараат за нивните предавства и криминал. Филипче, Заев и СДСМ се синоним за неспособност, криминал и предавство, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.Претседателот на СДСМ пред три дена во поткастот „Политиканти“ кажа дека има златна визa за Дубаи. Тој рече дека меѓутоа таа  „не е поврзана со никаква форма на инвестиции“.

Најнови вести од: Македонија

Хуманитарната трка „Трчаме со срце“ – 290 тркачи, едно срце и една повисока цел

Градскиот парк во Скопје на 19 септември пулсираше во ритамот на хуманоста, дружењето и спортскиот дух. На јубилејната СОС Хуманитарна трка powered by IT4Charity, 290 тркачи застанаа на стартната линија со една заедничка цел – да трчаат со срце и да дадат свој придонес за децата и младите на кои им е потребна поддршка.

СДСМ се огласи: Нема извинување за министерката Божиновска

СДСМ побара од министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска да одговори на обвинувањата што партијата ги изнесува за нејзината поранешна поврзаност со компании од „Руднап груп“, како и за зделка вредна 13,2 милиони евра за набавка на броила од српската компанија „Метер-контрол“.

Божиновска: СДСМ да ги повлече лагите или одиме на суд

„Фактите се јасни, повеќе од 12 години немам никаква деловна ниту приватна релација со ‘Руднап’. Немам никаква поврзаност со предметната набавка, ниту со постапката што ЕВН, како приватна компанија, ја спроведува самостојно и за сопствени потреби, вели министерката за енергетика

To top