Македонија

Се запали автобус на ЈСП – Скопјани мака мачат со јавниот превоз

Се запали автобус на ЈСП, возачот итно пренесен на Токсикологија.

На температури кои се искачуваат над 45 степени, скопјани секојдневно влегуваат во автобуси – не само без клима, туку и со реална опасност да се запалат, како и што се случи, за жал.

Денеска, во 07.16 часот во СВР Скопје е пријавено дека на булеварот „Борис Трајковски“ во Скопје настанал пожар во автобус на ЈСП, управуван од С.Б., додека се движел по булеварот.

Огнот бил изгаснат од страна на С.Б., која што потоа со возило на Итна медицинска помош е пренесена во Клиниката за токсикологија при комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, за укажување на лекарска помош.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

А, ЈСП сè уште молчи. Но, во меѓувреме, Скопје доби шест нови еколошки автобуси донација од Европската Унија, како мала светла точка во мрачната слика на јавниот превоз. Владата, пак, најавува промена на сликата, одобрени се сретсва за проекти поврзани со животната средина, меѓу кои и набавка на 120 електрични автобуси – но додека тие стигнат, граѓаните и понатаму се возат на ивица од ризик. Зашто друг избор – немаат.

Најнови вести од: Македонија

Финансова со кривична за затајување данок од 380.000 евра

Првопријавениот В.Р. во периодот од 2011 година до 2019 година, свесно и со намера да се стекне со противправна имотна корист, подигнал парични средства во готово во износ од 53.872.587 денари, на име „материјални и патни трошоци“ без да изготви и достави документација.

Промовиран порталот „Е-наука“ како национална база за истражувачите, науката и иновациите

Досега во „Е-наука“ се регистрирани 229 истражувачи, за кои се достапни податоци за образованието, вработувањето, научното звање, институцијата, научното поле, како и резултатите и индикаторите од базите „Веб оф сајнс“, „Скопус“ и „Гугл сколар“.

To top