Македонија

„Северномакедонци“ измисли и бугарскиот европратеник Радев

Само една недела по министерката Петрова-Чамова, уште еден политичар на исток од Македонија со навреда кон Македонците

Праксата на педантна употреба на непостоечката етничка припадност „Северноимакедонци“ во Бугарија не ја избегна ни бугарскиот европратеник Емил Радев додека ѝ држеше предавање на Македонија во интервју за тамошното Радио Дарик.

„Надворешната политика е многу важна тема во Европскиот парламент. Претстои усвојувањето на извештајот за Република Северна Македонија. Станува збор за процесот на пристапување кон Европската унија и за тоа колку се подготвени тие. Овој извештај, како и во претходните години, крие голема опасност. Минатата година се обидоа да го наметнат македонскиот јазик. Европскиот став е дека Бугарите треба да бидат запишани во Уставот на Северна Македонија и ова е еден од условите за процесот на интеграција на земјата со ЕУ воопшто да продолжи. Северномакедонците се обидуваат да тврдат дека ова се билатерални односи меѓу нив и Бугарија. Не, ова се односи на Европската унија со Северна Македонија. Мило ми е што во Европскиот парламент сите 17 европратеници имаат заеднички став и се бориме овој извештај да го одразува ставот на Европската унија и на Бугарија. Ставот на Министерството за надворешни работи на Бугарија е многу важен“, изјави бугарскиот европратеник од ГЕРБ на експремиерот Бојко Борисов.

„Во моментов, Северна Македонија не ги исполнува условите за влез во Европската Унија. Членството на Северна Македонија во Европската Унија воопшто не е блиску“, додаде Радев.

„Северничењето“ на Македонците од членот на ЕП од Бугарија доаѓа само една недела откако македонското Министерство за надворешни работи и неговиот прв човек Тимчо Муцунски реагираа за изразот „северномакедонски партнери“ употребен од шефицата на бугарската дипломатија Велислава Петрова-Чамова.

Дека измислицата „Северномакедонци“ се доживува како омаловажување и навреда од Македонците (им) укажа и поранешниот премиер Љупчо Георгиевски, кој за време на премиерувањето на Зоран Заев во неколку наврати беше во објаснувачка мисија во Софија.

Најнови вести од: Македонија

„Babuna Red 2023“ на „Тиквеш“ го освои Лондон: Престижен трофеј за најдобро црвено вино од Македонија

На свечениот настан за доделување на наградите освоени на годинешниот International Wine Challenge (IWC), што се одржа на 8. септември во Лондон, трофејот за „Babuna Red 2023“ за најдобро црвено вино од Македонија, му беше врачен на претседателот на Управниот одбор на ВВ „Тиквеш“, Светозар Јаневски. Со оваа награда, „Babuna Red 2023“ се вбројува меѓу вината што оставија најсилен впечаток на едно од највлијателните и најценети светски вински натпреварувања, потврдувајќи го квалитетот, автентичноста и меѓународниот потенцијал на македонското вино. Ова престижно признание има и дополнителна тежина бидејќи „Babuna Red 2023“ на истиот натпревар освои и златен медал со високи 95 поени, издвојувајќи се меѓу најдобро оценетите вина во својата категорија.

To top