Македонија

Шеснаесет меѓународни финансиски институции и комерцијални банки се заинтересирани за финансирање на изградбата на брзата пруга од Коридорот 10

Шеснаесет меѓународни финансиски институции и комерцијални банки се заинтересирани за финансирање на изградбата на брзата пруга од Коридорот 10. Од Министерството за финансии, од каде денеска ја објавија информацијата, велат дека во следниот период ќе се врши анализа и евалуација на пристигнатите понуди. Писмо за барање интерес беше доставено до 24 финансиски институции, а рокот […]

Шеснаесет меѓународни финансиски институции и комерцијални банки се заинтересирани за финансирање на изградбата на брзата пруга од Коридорот 10.

Од Министерството за финансии, од каде денеска ја објавија информацијата, велат дека во следниот период ќе се врши анализа и евалуација на пристигнатите понуди.

Писмо за барање интерес беше доставено до 24 финансиски институции, а рокот за доставување на понудите беше до понеделникот, 7 јули.

– Министерството за финансии го испрати барањето за изразување на интерес до меѓународните финансиски институции и комерцијални банки врз основа на Заклучок на Владата. Заедно со барањето, Министерството за финансии испрати до меѓународните финансиски институции и банките и образложение за проектот подготвено од Министерството за транспорт и врски и МЖ Инфраструктура, а кое исто така беше разгледано од страна на Владата – појаснуваат од ресорното Министерство.

За реализација на проектот се бараа 1,91 милијарда евра.

Премиерот Христијан Мицкоски во понеделникот изјави дека има интерес за финансирање на проектот за брзата пруга од Коридорот 10 од финансиски институции кои досега не биле присутни во овој дел од Европа.

Најнови вести од: Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Распродавачите на националните интереси СДС и Филипче, велат дека Македонија не е на продажба

Оние кои и ги направија најголемите предавства, кои го сменија името, потпишаа бланко документ за бугарските барања и ги распродаваа националните интереси, Венко Филипче и СДС, велат Македонија не е на продажба

Во Салцбург основана нова македонска православна црковна општина „Св. Архангел Михаил“

Македонските православни верници во Салцбург добија нова црковна општина, откако митрополитот европски Пимен даде благослов за нејзино основање во рамките на Европската епархија на Македонската Православна Црква

Сиљановска-Давкова: Нека нишката што ја започнаа браќата Манаки продолжи да се ткае и ткае

Таа посочи дека „Браќа Манаки“ одамна не е само фестивал, туку и културна институција со препознатлив меѓународен авторитет, докажан културен идентитет и долг, духовен и емоционален мост што ја поврзува македонската и балканската кинематографија со светската

To top