Македонија

Сиљановска Давкова – Руте: Македонија игра значајна улога во заштитата на безбедноста на Западниот Балкан

„Денешните сложени безбедносни околности бараат будност, подготвеност, јакнење на активностите на инструментите за рано предупредување и посилни и одржливи инвестиции во одбранбените капацитети. Македонија е верен сојузник на НАТО и придонесува за безбедноста на целиот регион, нагласија на заедничката прес-конференција претседателката на Република Македонија Гордана Сиљановска Давкова и генералниот секретар на НАТО Марк Руте, кој е во официјална посета на македонската држава.

-Во овој момент, затоа е и генералниот секретар на НАТО тука, неопходно е во рамки на НАТО да се надминуваат разликите, или да се усогласуваат разликите за да се обезбеди кохезија врз основа на заедничките вредности и принципи врз кое е втемелено НАТО, потенцира претседателката Сиљановска Давкова.

Таа изрази уверување дека НАТО не е само воен сојуз туку задница на споделена одговорност, но и најважно – на заедничка визија и ние продолжуваме да бидеме одговорна членка на Алијансата. -Како кредибилен сојузник ние го спроведуваме планот на инвестиции во одбраната. Потенцирам дека не се во прашање проценти и бројки туку инвестиција во заедничката одбрана и безбедност. Активно придонесуваме кон одбранбената позиција на НАТО и со тоа демонстрираме дека безбедноста е заедничка одговорност, рече претседателката.

Сиљановска Давкова истакна дека најголема гаранција за мирот и безбедноста на Западен Балкан е неговата итна и целосна интеграција во ЕУ, и поради тоа, како што рече, очекува на претстојниот самит на НАТО во Анкара особено внимание да биде посветено на безбедносната состојба на Западен Балкан со оглед на актуелните предизвици. 
– Мора да ставиме крај на вештачките причини и причините од идентитетски карактер за членство во ЕУ и да се фокусираме на копенхашките критериуми. Најголемата инвестиција и гаранција не само за нашата безбедност туку и за безбедноста на Европа во целина е нашето членство и членствот на Западен Балкан во ЕУ, нагласи претседателката.

Марк Руте подвлече дека Македонија е верен сојузник на НАТО и придонесува за безбедноста на источната страна на алијансата. -Македонија дава повеќе од 2 проценти за одбраната од својот БДП, ова е огромен напредок и земјата дава свои заложби за да се постигне до 5 проценти како што беше ветено. Мораме да ги зголемиме придонесите кон одбраната и целосно да ги опремиме активностите на НАТО, сакам да ја поздравам поддршката на Македонија за Украина, рече Руте.

Тој истакна дека мора да соработуваме за да ја поддржиме нашата заедничка безбедност и Македонија игра значајна улога во заштитатат на безбедноста на Западен Балкан. -Нашата посветеност кон регионалната стабилност е јасна, нема да дзволиме да се појави безбедносен вакуум. НАТО се псоевтува кон заштита на сите свои сојузници од каде и да доаѓаат предизвиците. Знам дека можеме да сметаме на Македонија да го одигра својот дел, потенцира Руте на заедничката прес-конференција со Сиљановска Давкова. (МИА)

Најнови вести од: Македонија

Тачи: Албанските партии треба да се договорат за документ за целосна политичка и територијална автономија на Албанците во Македонија!

Лидерот на ДПА, Мендух Тачи, меѓу другото, во емисијата „Дијалог“ на медиумската платформа на „Лајм“  зборуваше и за „потребата од постигнување договор меѓу албанските партии за одобрување на документот за целосна политичка и територијална автономија“.

Агатангел: ВМРО-ДПМНЕ ќе владее колку Тито, оваа Влада ја консолидира Македонија како држава и ги штити националните интереси!

Митрополитот Повардарски Агатангел изрази целосна поддршка за премиерот Христијан Мицкоски и актуелната Влада, оценувајќи дека државата е во сигурни раце, во интервју за телевизија „Алфа“, тој прогнозираше дека ВМРО-ДПМНЕ ќе остане на власт онолку долго колку што владеел Јосип Броз Тито.

Наумовски: Победата на опозицискиот претседателски кандидат во Бугарија води до предвремени парламентарни избори

-Според некои анализи, тие имаат изгубено можеби две третини од гласовите од парламентарните избори и, според мене, тоа е прв показател дека поддршката која ја имаше Радев на парламентарните избори веќе е значително намалена. Се покажува дека релативно комотната позиција која Радев ја имаше како претседател на државата е различна од состојбата која сега ја има да решава проблеми како премиер, рече Наумовски. По социјалните мрежи имаше една шега дека има низок одѕив на изборите во Бугарија затоа што сите бугарски возови заминале во Србија Ова во „Наткаст“ на „Курир“ го изјави Васко Наумовски, универзитетски професор и поранешен вицепремиер за евроинтеграции.

Мицкоски: Достигнат е БДП од 20 милијарди долари, целта е 22 милијарди! – Опозицијата би се радувала РМ да потоне во нивното политичко мочуриште!

Податоците на Државниот завод за статистика за конечните бројки за 2024 за растот на бруто домашниот производ и ревидираните бројки за 2025 се во нагорна линија од 3,8 отсто, со што Владата ја постгна поставената цел до крајот на мандатот номиналниот бруто домашен производ да биде 20 милијарди долари, сега цели кон 22 милијарди долари, информира денеска премиерот Христијан Мицкоски.

Средба Муцунски-Клеин: Непрестаен развој на односите и одличната соработка меѓу Македонија и Унгарија

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија на Република Македонија Тимчо Муцунски денеска оствари средба со новоназначениот специјален пратеник на Министерството за надворешни работи на Унгарија за Западниот Балкан, амбасадорот Андраш Клеин.

Најнови вести

To top