Македонија

Скандал: Бектеши го „рекламира“ Бајрам Реџепи како кандидат за градоначалник на Тетово дека со пушката в рака се сврте против Македонците во 2001! (Видео)

„Рекламирајќи ги“ пушката и борбата на Бајрам Реџепи како некогашен припадник на УЧК против Македонците во 2001 година, Крешник Бектеши направи невиден скандал, што нема никаква врска со предизборната кампања за освојување на локалната власт во Тетово.

Кога беше млад Бајрам Реџепи, кандидатот за градоначалник на Тетово од редовите на ДУИ, зеде пушка во 2001 година и се сврте против македонскиот народ, кој ги потценуваше и ги деградираше Албанците во тоа време! – со овие зборови Крешник Бектеши од раководството на ДУИ им се обрати на присутните на еден од предизборните собири, одржан вчера во тетовскиот регион. Оваа информација ја објави објави локалниот информативен портал на македонски јазик „Тетово денес“, придружена со оригинално видео од изјавата на Бектеши со превод на македонски јазик. 

Жестоката етничка провокација на некогашниот министер за правда Бектеши од вчера предизвикува силни реакции на фејсбук и негативно влијание врз меѓуетничките односи.

Видео

https://www.facebook.com/TetovoDenes/videos/3491396771013905

Најнови вести од: Македонија

Обвинителството – обвинителката на потег

Од Обвинителството велат дека за еден дел од наводите веќе е поднесено обвинение, а за другите наводи се проверува дали постои сомнеж за сторено кривично дело. Од наодите во последниот извештај на Државниот завод за ревизија може да се заклучи дека во периодот од 2022 до септември 2024 се работело главно на уништување на компанијата.

Како вештачката интелигенција би можела да го уништи човештвото?!

Во најцрните сценарија, вештачката интелигенција може да се користи за развој на смртоносни патогени и поразорни оружја. Но, ова не значи дека нè чека ваква иднина, туку ова се само потенцијални ризици, а не сигурни предвидувања.

(Фото): Нови можности за соработка, инвестиции и размена на искуства – ИНОВА ги поврзува македонскиот и израелскиот иновациски екосистем

ИНОВА ја цени поддршката и институционалната координација од страна на Министерството за надворешни работи и надворешна трговија во реализацијата на посетата, како и придонесот на Општина Кавадарци, градоначалникот Митко Јанчев и М6 Едукативниот центар во успешното реализирање на програмата и срдечното гостопримство кон израелската делегација.

To top