Македонија

Скопјанец мавал со камења по полициски хеликоптер додека полнел вода за да гасне пожар и ја загрозил крајно нивната безбедност!

„Случајна забава“, или намерно загрозување на безбедноста на пилотите на хеликоптерот и тоа додека извршувале задачи за потребите на државата и граѓаните?!

„Додека полицискиот хеликоптер приоѓал кон местото каде реката Лепенец се влива во реката Вардар, со цел да наполни вода за гасење на пожарот во реонот на Блаце, пилотите забележале, лице кое влегло во плиткиот дел на коритото на Вардар и мавтало со рацете. Потоа пилотите биле известени од лица, кои присуствувале на местото на настанот, дека лицето влезено во речното корито, фрлало со камења кон воздухопловот „Бел 412“. – извести информативната агенција „Нетпрес“.

Во веста агенцијата дополнува: Пилотите принудно го промениле местото на полнење на „Бел 412“ со вода, поради крајната загрозеност на нивната безбедност и тоа додека извршувале задачи за потребите на државата и граѓаните.

Најнови вести од: Македонија

МВР со акција за поголема безбедност во сообраќајот

Министерството најавува дека ќе продолжи со засилените сообраќајни контроли со цел зголемување на безбедноста во сообраќајот, а до сите учесници упати апел доследно да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.

To top