Македонија

Славески најави нови мерки: Олеснети услови за кредит за прв стан

Гувернерот на Народната банка Трајко Славески најавува дека се подготвуваат нови мерки со кои ќе се овозможат подобри услови за кредитирање на становите коишто се купуваат за живеење, особено за прво купување. Целта, според него, е да се поддржи кредитирањето што се користи за решавање на станбеното прашање, особено кај младите, во услови кога цените […]

Гувернерот на Народната банка Трајко Славески најавува дека се подготвуваат нови мерки со кои ќе се овозможат подобри услови за кредитирање на становите коишто се купуваат за живеење, особено за прво купување. Целта, според него, е да се поддржи кредитирањето што се користи за решавање на станбеното прашање, особено кај младите, во услови кога цените на становите бележат континуиран раст.

-Најважна цел којашто си ја поставивме, а којашто произлегува и од мандатот на централната банка и е од општествен интерес, е да видиме како да се поттикне или да се овозможи поповолно кредитирање за објекти за живеење коишто се купуваат за првпат и ќе служат за живеење, затоа што е познато дека една третина од постојниот фонд на станови кај нас се празни, истакнал гувернерот Славески во интервју за регионалната  телевизија „Њузмакс Балканс“,  и објаснил дека мерките ќе се насочат кон разликување на кредитите за прво живеалиште од оние за инвестиции и шпекулативни цели, со цел да се олесни пристапот за граѓаните кои навистина имаат потреба од сопствен дом.

Според анализите на Народната банка, половината од прометот со станови се остварува со готовина, што создава притисок врз побарувачката и дополнително ги зголемува цените. Затоа, Народната банка планира, во соработка со банките, да ги анализира и да предложи мерки, притоа внимавајќи на стабилноста на банкарскиот сектор.

Гувернерот Славески нагласил дека предлозите за мерки ќе бидат доставени до банките заради консултација, со очекување дека ќе дадат резултати коишто ќе обезбедат подобар пристап до финансии за младите брачни парови и граѓаните кои сакаат да го решат станбеното прашање.

Најнови вести од: Македонија

Санџак Курт е нов генерален директор на Лимак Скопје

Назначувањето на Санџак Курт е природно продолжување на развојниот пат на Лимак Скопје и ја потврдува определбата на компанијата за континуитет во управувањето, натамошен развој на инвестициите и градење долгорочни партнерства засновани на доверба, професионалност и заеднички успех.

Деветгодишно дете на електричен тротинет тешко повредено во судир со автомобил во скопски Сарај

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека на 28 јули околу 14:30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосница од сервисна улица и регионалниот пат Скопје–Тетово се судриле патничко возило „форд“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 67-годишниот С.С. од селото Арнакија, и електричен тротинет управуван од деветгодишно дете од истото село.

Одлука на Владата да се вработат 300 нови специјализанти, за да се надомести недостигот на специјалистички кадар во јавното здравство!

Владата на Република Македонија донесе одлука до крајот на 2026 година да се вработат 300 приватни специјализанти во јавните здравствени установи.

Тетовец реагира за сообраќајниот хаос и нарушениот јавен ред во Тетово: Градот е заложник на возила со швајцарски, германски и италијански регистарски таблички!

Тетовецот Бошко Видоески преку објава на општествените мрежи реагираше на, како што наведува, сообраќајниот хаос и нарушениот јавен ред во Тетово за време на летниот период. Тој оценува дека градот е „заложник на возила со швајцарски, германски и италијански регистарски таблички“, обвинувајќи дека дел од возачите непрописно паркираат, создаваат бучава, турираат, се тркаат и го нарушуваат мирот на граѓаните.

Мисајловски: Продолжува осовременувањето на Армијата со нова опрема, униформи и вооружување

Министерот за одбрана Владо Мисајловски најави дека Армијата во наредниот период ќе добие значително нова опрема и вооружување, оценувајќи дека процесот на модернизација ќе овозможи нејзино зајакнување на, како што рече, највисоко ниво во историјата.

Најнови вести

To top