Македонија

Следува пеколно топла седмица

Жешкото време ќе продолжи и во текот на следните денови, кога максималните температури на повеќе места ќе достигнуваат 38 и 39 степени

Сончево и многу топло време, со температури кои во поголемиот дел од земјата ќе се движат над 35 степени се очекуваат од денеска и во текот на целата седмица.

Под влијание на топла воздушна маса од југ, времето ќе биде претежно сончево и многу топло, со мала до умерена локална облачност. Дневната температура насекаде ќе биде над 33 степени, а во одредени делови од земјата ќе надмине и 40 степени Целзиусови.

За Скопскиот регион и понатаму е во сила портокалово предупредување за високи температури, што значи дека постои зголемен ризик од последици по здравјето, особено кај хронично болните, повозрасните лица, децата и бремените жени.

Надлежните препорачуваат да се избегнува престој на директно сонце во периодот од 11 до 17 часот, да се внесуваат повеќе течности, да се носи лесна и светла облека, физичките активности да се ограничат во најтоплиот дел од денот.

Според прогнозите, ова нема да биде само еднодневен топлотен удар. Жешкото време ќе продолжи и во текот на следните денови, кога максималните температури на повеќе места ќе достигнуваат 38 и 39 степени, па се препорачува дополнителна внимателност и заштита од високите температури.

Најнови вести од: Македонија

Да се забрани „џанк“ храна во училиштата и да се оданочат зашеќерените пијалаци, бара Клековски

Министерот ги повика граѓаните, особено оние со зголемен ризик или со семејна историја на дијабетес, да не ги игнорираат симптомите како постојан замор, зголемена жед или заматен вид и да направат превентивен преглед.

Тамара Котевска го освои „Британскиот Оскар“ за документарен филм, рамо до рамо со Херцог и Дејвид Атенборо

Македонската режисерка Тамара Котевска, двојно номинирана за ОСКАР и двојно номинирана за ЕМИ, го освои престижното Гран-при признание (за најдобар кино-документарец) на овогодинешното доделување на наградите „Гриерсон“ (Grierson British Documentary Awards) во Лондон, кои во светската кинематографија важат за британски Оскар за документарни филмови.

Се проширува достапноста на банкарските услуги за клиентите на „АЛТА банка“ – од понеделник нова експозитурата во Прилеп

Народната банка продолжува внимателно да ја следи состојбата во „АЛТА банка“ АД Битола и да презема активности за да им се овозможи на сите клиенти полесен пристап до сопствените средства и непречено извршување на платежните услуги.

To top