Македонија

Слика од Табановце: За да се намали метежот функционираат седум наплатни шалтери

Видео: Ниту еден не признава дека возел побрзо од пропишаното

Блиндирање, претекнување, па дури и вербална расправија – ова се ситуациите кои ги поминавме возејќи согласно поставените знаци по левата лента на 30 километри пред граничниот премин Табановце.

Почитувајќи ги сообраќајните правила поставени на автопатот кој се користи најчесто како транзитна рута до Грција, повеќе странски автомобили но и македонски возеа повеќе над дозволеното. Забележавме и возила кои почнаа да намалуваат брзина откако видоа знак за поставен видео надзор на коридорот.

Безбедносниот систем втор ден како ги регистрира и странските возила. Сега во системот се внесени и старите казни кои ги направиле во периодот од кога почна да функционира „Сејф сити“. Тоа им се кажува на граница и најголем дел од возачите сакаат веднаш да платат.

Но ниту еден не признава дека возел побрзо од пропишаното. На граница, нервозни, се жалат дека не ги известиле зошто се казнети, а тврдат дека не знаеле ниту за Безбедносниот систем иако пред секоја камера на автопатите има табла која известува за мерење на брзината.

„Не знаев дека има систем. Нели може ова некако подобро да се изведе, имаме мали деца во автомобилот. Луѓето кажуваат дека чекале два часа. Не знам зошто сум казнен. Како да платам, не може ли поедноставно..
Треба да ги почитувате луѓето кои плаќаат патарина и кои поминуваат во вашата земја, ние не се задржуваме тука. И ова да не дочека на излезот, навистина нема смисла… велат пред камерата на Алфа.

Додека екипата на Алфа ТВ беше на граничниот премин Табановце, освен постојните две наплатни шалтери беше отворен уште еден за да се растерети гужвата.

„Со паметни камери при приближување кон граничниот премин, имаме поставено повеќе паметни камери кои што ги читаат таблиците на возилата и врз основа на информацијата која што ја добиваме во рамки на контролните места, ги тргнуваат на страна и ги селектираат возачи кои сториле сообраќаен прекршок. Според информациите, до утрово до 8 часот биле платени 500 казни“ рече Тошковски.
На коридорот 10 од кога се зголеми фреквенцијата на странски возила полицијата „улови“ 10-тици со брзина двојна над дозволената.

Во текот на целата летна сезона на македонските автопати функционираат и т.н. пресретнувачи кои ги ловат странските автомобили кои возат над дозволената брзина.

Според Тошковски кога ќе се создадат услови истиот систем ќе се постави и на другите граници.

„Ова ќе биде начелно како техничко решение имплементирано и на сите останати гранични премини кога ќе се создадат услови. Технички предизвици ќе има, не велам не, ќе се подобруваме во рамки на сето она што треба да се подобриме, но пак ќе повторам, еден спасен човечки живот во споредба со претходно нема цена“.

Безбедносниот систем од февруари почна да функционира во Скопје Тетово и Куманово, коридорите 8 и 10, а од минатиот месец и на автопатската делница помеѓу селата Горенци и Требеништа во општина Дебарца. Последните технички проверки се прават за Охрид и регионот, како и за Велес.

Најнови вести од: Македонија

Претсмртниот завет на Антон Попов до сите македонски поколенија да го чуваат македонското име и никогаш да не отстапуваат од борбата за иднината на Македонија

На денешен ден, на 20 октомври 1915 година е роден непокорниот син на Македонија и македонскиот народ писателот Антон Попов. Неизмерна е важноста на неговите дела за градењето на македонската самосвест на македонскиот народ. Како бранител негов и на македонската кауза, во своите публицистички трудови, како што е знаменитата статија „Дали постои македонска нација“ Попов дава јасен, научно и историски образложен одговор за постоењето на македонскиот народ, со кој ги побива туѓите негаторски пропаганди. Попов постоеше и живееше, сонуваше и копнееше, дишеше и умре за саканата таковина Македонија, стрелан во Софија на 23 јули 1942 година од царборисовскиот фашистички режим на Бугарија.

Техновејшн ЈИЕ 2026: Вистинската трансформација започнува кога ќе се осмелиме да го менуваме и она во што сме успешни

Суштинската трансформација на една компанија не започнува кога стариот модел на работење ќе престане да функционира, туку кога таа е подготвена да го преиспита моделот врз кој веќе го изградила својот успех

„РОЗОВ ОКТОМВРИ“ ВО ОПШТИНА КАРПОШ – ЗАЕДНО ЗА ПОДИГНУВАЊЕ НА СВЕСТА ЗА РАКОТ НА ДОЈКАТА

Денес, во Општина Карпош, се одржа едукативен настан посветен на кампањата „Розов октомври“, чија цел е подигнување на свеста за ракот на дојката, важноста на навременото откривање и грижата за сопственото здравје

Николоски: Новиот мобилен оператор ќе ја користи мрежата „Старлинк“ на Илон Маск

На прашањето дали телекомуникациската компанија „4iG“ гради сопствена 5G мрежа, Николоски за „360 степени“ вицепремиерот рече дека веќе најавиле стратешка соработка и дека Македонија ќе биде меѓу првите земји во кои директно ќе се имплементира оваа технологија

To top