Македонија

Со едукативни, забавни активности и настани dm drogerie markt ја одбележа Светската недела на доење

Под мотото „Предноста на доењето“ оваа година dm drogeriemarkt ја одбележа Светската недела на доење

Под мотото „Предноста на доењето“ оваа година dm drogeriemarkt ја одбележа Светската недела на доење и организираше низа на едукативни и забавни настани за трудници и за сите кои се заинтересирани да научат нешто повеќе за мајчинството и бременоста. Активностите беа организани заедно со “Доење со љубов”, “Бебелогија – школата за трудници и доење” и “Доилка – љубов во секоја капка”, а се одржуваа во периодот од 1 до 7 август.

Светската недела на доењето е дел од глобалниот календар на важни датуми на Светската здравствена организација (СЗО). Тој секоја година се одбележува низ повеќе од 120 земји низ светот, со цел да го промовира безбедното доење и да ја подигне свеста за женското и детското здравје.

https://www.instagram.com/p/DNGZmbTNnDY/

Неделата на доењето започна со интеракција на профилите на социјалните мрежи на dm drogerie markt, “Доење со љубов”, “Бебелогија” и “Доилка”, каде секојдневно се поставуваа корисни содржини, едукативни видеа, совети за мајчинство и доење, како и материјали кои можат да се преземат и ексклузивни нови содржини. Од 1 до 4 август секоја мајка, идна мајка или пак секоја заинтересирана личност која сакаше да дознае нешто повеќе можеше да најде насоки и препораки за бременоста и доењето, да добие поддршка и да се почувствува како да е дел од заедница која навистина се грижи за неа.

На 5 август во КСП Центар-Јадро свечено беше отворена изложбата на фотографии „Во меѓувреме дојам“, која претставува визуелно сведоштво за доењето во сите негови форми и емоции.

А во следните денови од 5 до 7 август со почеток од 17:00 часот, во просториите на КСП Центар-Јадро се одржуваа едукативни сесии во присуство на доктори и експерти, каде што можеше да се научат важни информации за физичкото и психичкото здравје во текот на бременоста и пост-породилниот период, техники на доење, методи за лактација и низа на корисни информации за мајчинството. Во текот на овие три дена беше создаден безбеден и интимен простор за отворени разговори, споделување на искуства и прашања поврзани со бременоста, породилното здравје и доењето. Присуството на настаните организирани во КСП Центар-Јадро беше потребно да се пријави преку онлајн регистрација, со која следуваше и мал подарок и топло изненадување за секој пријавен.

dm drogerie markt уште еднаш успешно ја одбележа Светската недела на доењето, со настани и активности кои предизвикаа голем интерес и привлекоа многу заинтересирани мајки и трудници, но и допреа до многу луѓе кои сакаа да се информираат и да дознаат повеќе за оваа тема.

Најнови вести од: Македонија

Сиљановска-Давкова на Самитот на ЕПЗ во Даблин: Европа не треба да си дозволи да остане недоволно поврзана со Западен Балкан

„Секое одложување на поврзувањето е пропуштена можност. Секоја одложена инвестиција има економска последица. И секоја политичка цел има цена којашто не ја плаќаат институциите, туку граѓаните“

(Видео): Филипче лаже за Алта банка – немало забрана за работа во ЕУ за банката, тврди ВМРО-ДПМНЕ

Портпаролот на партијата, Валентин Манасиевски, на прес-конференција го обвини претседателот на СДСМ, Венко Филипче, дека шири невистини за банката и за нејзиниот сопственик Давор Мацура.

(Видео): СДСМ поднесе кривична пријава за Трајко Славески – бара да му се воведат мерки на претпазливост

СДСМ бара мерки на претпазливост за Трајко Славески и за останатите лица, вклучително привремена забрана за вршење должности на сите инволвирани, за, како што рече Димитријевиќ, да се спречи влијание врз сведоците и можно уништување на документацијата.

Стојаноски: СДСМ бега од вистината за Алта банка, бараме итно продолжување на надѕорната расправа

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски денеска изјави дека СДСМ одбива да свика продолжение на надѕорната расправа за Алта банка, по вчерашните случувања на седницата.

Порибено Преспанското Езеро со речиси 7 илјади млади крапови

Порибувањето е спроведено од страна на регистрираното мрестилиште „Акватика“ од Неготино за чија реализација се обезбедени 500.000 денари од страна на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство преку Програмата за финансиска поддршка во рибарството и аквакултурата за 2026 година.

„Н.М.“: Пукнатините во ЕУ се сè подлабоки! Каква доверба во неа да има Македонија, кога чека со години пред нејзините врати?!

Европа сè поретко е на главните маси на кои се носат важните геополитички одлуки, а сè почесто е во улога на набљудувач, коментатор или спореден учесник на настаните. Земјите- членки на ЕУ ја користат секоја можност пред донесувањето на заедничките одлуки да се осврнат на своите национални потреби како приоритетни, дури и кога станува збор за интереси на целата Унија. Во ЕУ се редат закани со блокади, финансиски условувања и национални калкулации. Каква доверба во таква Европа треба да имаат земјите кандидати, што со години чекаат пред нејзините врати? – ова се истакнува во анализата со наслов „Пукнатините во ЕУ сè повеќе се продлабочуваат! “, која е објавена во весникот „Нова Македонија“.

Савески: Јавното обвинителство ќе постапува по секоја кривична пријава поврзана со Алта банка!

„Ќе мора и надлежниот обвинител да ги провери наводите и да преземе соодветни истражни дејства.“ – истакнува државниот јавен обвинител Ненад Савески во интервјуто за емисијата „Клик Плус“ на ТВ21, кое ќе се емитува вечерва во 21:30 часот.

To top