Македонија

Со камери ќе се „ловат“ уништувачите на детски игралишта и урбана опрема (ВИДЕО)

Локалните власти се одлучија на овој чекор по зачестените појави на вандализам, каде новоизградените содржини за најмладите и за рекреативците редовно се на мета на несовесни граѓани

Општина Бутел започнува со поставување на видео надзор на сите јавни површини, детски игралишта и спортско-рекреативни центри, со цел да се спречи натамошното уништување на урбаната опрема, информираше градоначалникот Дарко Костовски.

Локалните власти се одлучија на овој чекор по зачестените појави на вандализам, каде новоизградените содржини за најмладите и за рекреативците редовно се на мета на несовесни граѓани.

„Изминатиот период сведоци сме на уништување на јавните површини, детските играчишта, спортско рекреативните центри, како и парковите. Се обидовме да ја заштитиме урбаната опрема особено детските игралишта, спортските терени но по сите напори уништувањето продолжива. Дел од терените не траат ниту два месеци, се кршат детските реквизити, обрачите на спортските игралишта, се крши буквално целата урбана опрема“, вели Костовски.

„За таа цел со поставување на видео надзорот, снимените докази да се користат за евентуална судска кривична или прекршочна постапка со цел да имаме намалување на девијантните појави во нашата општината.

Апелирам да си го чуваме општинскиот имот. Нашите деца и граѓаните на општина Бутел да имаат безбедни и современи услови за рекреирање и забава“, додава Костовски.

Најнови вести од: Македонија

Зошто во Македонија секој трет стан е празен?!

Во Македонија има доволно станови за парадоксот да изгледа неверојатно: според последниот попис, повеќе од 307 илјади станови се ненаселени, односно секој трет стан во земјата нема постојани жители. А сепак, квадратниот метар продолжува да поскапува, во Скопје и Охрид на атрактивните локации веќе се пробиваат и границите од 3.000 евра.

(Видео): Ребалансот е поради лошото менаџирање на економијата, вели Филипче

Опозицискиот лидер оцени дека и покрај намалувањето на ДДВ и акцизата, вкупната цена на горивата во изминатиот период пораснала за повеќе од 50 отсто, што според него значи дека приливите во Буџетот од ДДВ и акцизи не би требало да бидат намалени, туку би требало да останат најмалку на истото ниво.

(Видео): Владата најавува нов ребаланс до крајот на месецов – Од каде ќе се крати?!

Поради намалените буџетски приходи за околу 7 до 8 милијарди денари по основ на акциза и намалено ДДВ за горивата, премерот за месецов најави ребаланс на буџетот, оти како што рече, за Владата прв приоритет е стандардот на граѓаните.

To top