Македонија

Стефан Андоновски: Обезбедени 120 нови дигитални услуги

Вкупно 120 нови дигитални услуги, кои веќе ги користат над 170.000 граѓани, над 70 институции поврзани преку платформата за интероперабилност, прва Национална стратегија за сајбер безбедност и четири нови закони, вклучително и првиот Закон за сајбер безбедност се дел од реализираните активности на Министерството за дигитална трансформација кои ги презентираше министерот Стефан Андоновски по една […]

Вкупно 120 нови дигитални услуги, кои веќе ги користат над 170.000 граѓани, над 70 институции поврзани преку платформата за интероперабилност, прва Национална стратегија за сајбер безбедност и четири нови закони, вклучително и првиот Закон за сајбер безбедност се дел од реализираните активности на Министерството за дигитална трансформација кои ги презентираше министерот Стефан Андоновски по една година од работата на министерството.

На денешната прес-конференција Андоновски истакна дека дигитализацијата не е само технолошка промена, туку суштинска реформа на државниот апарат.

-Ова Министерство беше создадено со јасен мандат, да ја предводи дигиталната трансформација на Македонија, не како себедоволен технолошки меур, туку како национален приоритет кој ќе го направи државниот апарат поефикасен, институциите поотворени, а јавните услуги попристапни и посигурни за сите граѓани, рече тој.

Дополни дека преку порталот uslugi.gov.mk, достапни се електронски изводи, државјанства, уверенија за неосудуваност и имотни листови, целосно онлајн и правно валидни.

-Прво, услугите дојдоа до граѓаните, не обратно. 120 нови услуги, бројка што постојано расте. И затоа 170 илјади граѓани го препознаа тоа. За првпат, со законски измени, правно валидни документи се добиваат без физичко присуство, со електронски потпис, QR код, во електронска форма или испечатени, рече тој.

Министерот информираше дека Министерството воспоставило и функционална интероперабилност меѓу над 70 институции, а донесени се и четири нови закони, усогласени со регулативата на ЕУ, како што се Законот за електронски комуникации и првиот Закон за сајбер безбедност, Законот за архивска дејност и Законот за електронски документ. Дополни дека е формиран и Сектор за сајбер безбедност во чии рамки треба да биде и Владин центар за одговор на инциденти (SOC).

Министерот се осврна и на забраната на преку 220 сајтови за нелегално онлајн коцкање, што, како што рече, е конкретен резултат на дигитална анализа и следење на IP-адреси и VPN-механизми.

Најнови вести од: Македонија

Велешанка (61) касната од пајак „црна вдовица“, работејќи на поле во Еловец, Велешко – заврши на Токсикологија

Велешанката е хоспитализирана откако пред неколку дена била касната од пајак – „црна вдовица“ додека работела на поле во велешкото село Еловец. Побарала помош откако отровот почнал да делува, а по укажаната помош во Велешката болница префрлена е на понатамошен третман на Клиниката за токсикологија во Скопје.

Објавени се резултатите од првото издание на регионалниот поетски конкурс „Ars Lyrica Balcanica – Регионална поетска награда“

Жири-комисијата ги додели наградите врз основа на поетската вредност, автентичноста на авторскиот глас, стилската зрелост и целосниот книжевен впечаток на творбите.

Вреди: Корумпираното раководство на ДУИ, алчно за власт, оди против Рамковниот договор и го блокира законот за правична застапеност!

„Албанците дочекаа Али Ахмети да блокира Закон за правична застапеност и со тоа да урива еден од темелните принципи на Охридскиот рамковен договор, заради алчност за власт!“ – рече на денешната прес-конференција на Вреди портпаролот Дритон Сулејмани.

Стратешкиот притисок на Индија на Балканот и реалноста на глобалната дипломатија

Анализа на британска авторка која посетата на Мурму на Македонија ја поврзува со прагматската архитектура на меката моќ која се случува надвор од историската носталгија на Балканот

To top