Македонија

Стејт Департментот ја избриша оценката дека македонската Влада е корумпирана

Извештајот за 2024 е пократок во споредба со вообичаените извештаи на Стејт Департментот. Има чести најави дека администрацијата на Трамп ќе го укине или коренито реформира Бирото за демократија, човекови права и труд на Стејт Департментот кое ги изготвува овие извештаи.

Извештајот на американскиот Стејт Департмент за состојбата со почитувањето на човековите права во Македонија за 2024 година не содржи обвинувања за корупција во Владата – ова е значителна промена во однос на извештаите кои со години наназад редовно ја обвинуваа Владата за сериозни случаи на висока корупција.

Во изминатите извештаи можеше да се прочитаат следните забелешки:

-Значителни кршења на човековите права вклучуваат: насилство и закани со насилство против новинарите, корупција на високо ниво.. (извештајот од 2020 година).
-Постојат веродостојни извештаи за примери на сериозна корупција во Владата. (извештајот од 2021 година).
-Во извештаите од 2022 и 2023 година исто така се предупредува на „сериозна владина корупција“, додека извештајот од 2019 година како сериозни области во кои се кршат човековите права ги наведува „високата корупција и насилството против ЛГБТ поединците“.

Ова обвинување, дека Македонија има сериозно корумпирана влада, го нема во новиот извештај, кој ја покрива 2024 година, односно во голема мерка се однесува на Владата на Христијан Мицкоски. Тоа е најзначајната промена во извештајот во однос на минатите извештаи. Како единствена критика упатена кон Владата се наведува дека постоеле веродостојни извештаи за сериозно ограничување на слободат на говорот и медиумските слободи, вклучително и насилство и закани против новинари – критика која честопати се спомнувала и во минатото.

Примерот кој е наведен се однесува на инцидентот меѓу Фуркан Салиу и извршителката Весна Јакимовска од Кичево која беше обвинета дека го нападнала новинарот во март 2024 година (во време на Владата на ДУИ и СДСМ).

Инаку, извештајот за 2024 година е доста пократок во споредба со вообичаените извештаи на Стејт Департментот. Има чести најави дека администрацијата на Трамп ќе го укине или коренито реформира Бирото за демократија, човекови права и труд на Стејт Департментот кое ги изготвува овие извештаи, што може да е причината за оскудниот извештај.

Најнови вести од: Македонија

„17“, македонскиот игран филм, апсолутен победник на Сараевскиот филмски фестивал

Долгометражниот игран филм „17“ во режија на Косара Митиќ на 32. издание на Интернационалниот Филмски фестивал во Сараево освои вкупно четири награди со што испиша историја за македонската кинематографија на овој еминентен европски фестивал

Ангелов: Постојат индиции дека пожарот на Китка го потпалуваат злобници од користољубие или од одмазда

„Им порачувам на потпалувачите дека сите државни служби работат на откривање на нивниот идентитет и порано или подоцна ќе бидат изнесени пред лицето на правдата“, изјави денеска директорот на Дирекцијата за заштита и спасување

Што ќе поскапи најмногу поради војната и климатските промени?!

Следниот инфлаторен удар можеби нема да дојде од бензинските пумпи, туку од полиците со леб, тестенини, масло и млечни производи. Војните, сушата и екстремните горештини создаваат комбинација што истовремено ја намалува понудата на земјоделски производи и ги зголемува трошоците за нивно производство. Токму затоа економистите сè погласно предупредуваат дека храната повторно може да стане еден многу скапа.

To top