Македонија

Стоилковиќ: Да ги надминеме разликите и да го зајакнеме чувството на припадност и заедништво

Ви посакувам празнични денови исполнети со топлина, љубов и благослов. Христос воскресе! Навистина воскресе!, наведува Стоилковиќ

Потпретседателот на Владата и министер за односи меѓу заедниците Иван Стоилковиќ упати честитки по повод големиот христијански празник Велигден, со искрени желби за здравје, спокој и радост во домовите.

-Овој празник носи силна порака за верата, обновата и силата на доброто. Нè потсетува дека токму во моментите на предизвици, човечноста, разбирањето и поддршката меѓу луѓето се најважни. Да го искористиме овој период за да покажеме повеќе грижа едни за други, да ги надминеме разликите и да го зајакнеме чувството на припадност и заедништво, истакнува Стоилковиќ во честитката.

Тој порачува Велигден да биде поттик за нова енергија, за позитивни мисли и дела, и за заеднички чекори кон подобра и посигурна иднина за сите граѓани.

-Ви посакувам празнични денови исполнети со топлина, љубов и благослов. Христос воскресе! Навистина воскресе!, наведува Стоилковиќ во честитката.

Најнови вести од: Македонија

Унгарскиот премиер Маѓар ја пречека Сиљановска-Давкова во Будимпешта

Претседателката на Македонија, Гордана Сиљановска-Давкова, престојува во официјална посета на Будимпешта, каде што присуствува на високите државни и културни манифестации по повод одбележувањето на јубилејната 70-годишнина од Унгарската револуција од 1956 година

To top