Македонија

Таравари најави „сеопфатна платформа за иднината на Албанците во РСМ“ и ги повика „да се обединат заради заштита на албанскиот идентитет и јазик“!

  „Претседателот на Алијансата за Албанците Арбен Таравари најави дека во наредните денови ќе биде претставена сеопфатна платформа за иднината на Албанците во С.Македонија. Тој нагласи дека ова не е партиска иницијатива, туку покана за национално единство, упатена до сите Албанци кои се чувствуваат одговорни за политичката, економската и општествената иднина на албанскиот народ.“ – […]

 

„Претседателот на Алијансата за Албанците Арбен Таравари најави дека во наредните денови ќе биде претставена сеопфатна платформа за иднината на Албанците во С.Македонија. Тој нагласи дека ова не е партиска иницијатива, туку покана за национално единство, упатена до сите Албанци кои се чувствуваат одговорни за политичката, економската и општествената иднина на албанскиот народ.“објави ТВ Шења.

Натамау телевизијата наведува: Таравари упати повик „за надминување на политичките поделби и здружување на силите за заедничка визија“, претставувајќи ги главните столбови на платформата, кои вклучуваат: „идентитет и традиција; заштита на јазикот, културата и националните вредности; економија за Албанците; олеснување за бизнисите, поддршка на земјоделството и приватната иницијатива; образование и млади; зголемување на квалитетот, создавање можности и формирање нова национална елита; семејни и социјални политики; поддршка за семејствата и слоевите, кои имаат потреба; здравство со олеснет пристап; реформи и конкретни инвестиции во албанските општини; регионален развој и дијаспора; политика за враќање и вклучување на иселеништвото во развојот; меѓународна соработка; одржливо партнерство со САД, ЕУ и стратегиските сојузници.“

„Ова не е платформа за лични цели, туку платформа за обединување“ – рече Таравари, поканувајќи ги сите Албанци „да станат активен дел од оваа иницијатива“, чија цел е „поправична, подостоинствена и побезбедна иднина за албанската заедница во земјата“. – објави ТВ Шења.

Најнови вести од: Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Распродавачите на националните интереси СДС и Филипче, велат дека Македонија не е на продажба

Оние кои и ги направија најголемите предавства, кои го сменија името, потпишаа бланко документ за бугарските барања и ги распродаваа националните интереси, Венко Филипче и СДС, велат Македонија не е на продажба

Во Салцбург основана нова македонска православна црковна општина „Св. Архангел Михаил“

Македонските православни верници во Салцбург добија нова црковна општина, откако митрополитот европски Пимен даде благослов за нејзино основање во рамките на Европската епархија на Македонската Православна Црква

Сиљановска-Давкова: Нека нишката што ја започнаа браќата Манаки продолжи да се ткае и ткае

Таа посочи дека „Браќа Манаки“ одамна не е само фестивал, туку и културна институција со препознатлив меѓународен авторитет, докажан културен идентитет и долг, духовен и емоционален мост што ја поврзува македонската и балканската кинематографија со светската

To top