Македонија

Таткото на грабнатата и убиена Вања се враќа во суд

Ѓорчевски беше обвинет дека им помагал на сторителите со тоа што им давал информации за времето кога неговата ќерка излегувала на училиште

Апелациониот суд во Скопје ја укина ослободителната пресуда за Александар Ѓорчевски, таткото на убиената Вања Ѓорчевска, и предметот го врати на повторно судење.

Одлуката била донесена на 10 јули, по јавната седница одржана во мај, на која Апелациониот суд ги разгледал жалбите, доказите и предлогот на Вишото јавно обвинителство Скопје, пренесе Дојче Веле.

Палчо и другарите ќе лежат доживотно, потврди Апелација, предметот на таткото на Вања се враќа во судница

Најголемиот пресврт во одлуката се однесува на Александар Ѓорчевски. Апелација ја укина неговата ослободителна пресуда и наложи предметот повторно да се разгледува пред Основниот кривичен суд.

Ѓорчевски беше обвинет дека им помагал на сторителите со тоа што им давал информации за времето кога неговата ќерка излегувала на училиште. Во текот на целата судска постапка тој ги негираше ваквите обвинувања, а првостепениот суд го ослободи од вина.
Со најновата одлука на Апелација, за него повторно ќе се води судска постапка.

Вања Ѓорчевска исчезна на 27 ноември 2023 година, а Панче Жежовски три дена претходно, на 24 ноември. Нивните тела беа пронајдени на 3 декември 2023 година во близина на Скопје и Велес, случај што ја потресе македонската јавност.

Најнови вести од: Македонија

Обвинителката која 5 години без докази го прогонува Жан Митрев ветува рационализација на предмети за да стане шефица на организиран криминал

Во правосудните кругови се шпекулира дека Хаџи Василева има поддршка од една обвинителка која е блиска на кругови блиски на кланот Заеви и дека во гласањето на обвинителите ќе бидат ангажирани мрежите на Зоран Заев во правосудството и нивните бизнис партнери

To top