Македонија

ТАВ АЕРОДРОМИ: Охридскиот аеродром постави нов рекорд – раст на патничкиот сообраќај од 41% во јули; македонските аеродроми со раст од 28% се меѓу најбрзорастечките во Европа, според ACI Europe

Додека аеродромите во Охрид и Скопје го имаа најуспешниот јули досега, поставувајќи историски рекорди во македонскиот воздушен сообраќај, ACI Europe повторно ги рангира македонските аеродроми меѓу најбрзорастечките во Европа.

Аеродромот Св. Апостол Павле Охрид, управуван од ТАВ Македонија, подружница на ТАВ Аеродроми, членка на Групацијата АДП, го забележа најуспешниот месец јули во својата историја, поставувајќи нов рекорд и во бројот на патници и во бројот на реализирани летови.

Во текот на јули, охридскиот аеродром опслужи 52,544 патници, што претставува раст од 41,21% во споредба со истиот месец минатата година. Воедно, беа реализирани 443 летови, односно 34,65% повеќе отколку во јули 2025 година.

Во истиот месец беа поставени уште два значајни рекорди. На 26 јули беше регистриран најфреквентниот ден во историјата на охридскиот аеродром, со опслужени 2988 патници, додека на 20 јули беа реализирани рекордни 22 летoви во текот на еден ден.

Позитивниот тренд се потврдува и преку кумулативните резултати.

Во периодот од јануари до јули преку охридскиот аеродром патувале вкупно 175,182 патници, што е за 24,24% повеќе во споредба со истиот период минатата година. Во истиот период биле реализирани 1350 летови, што претставува раст на авионскиот сообраќај од 28.69%.

Силен раст продолжува да бележи и Меѓународниот Аеродром Скопје.

Во текот на јули беа опслужени 408,925 патници, што претставува раст од 29.5% во споредба со истиот месец минатата година, додека беа реализирани 2,670 летови, односно 10.3% повеќе отколку во јули 2025 година.

Најфреквентен ден на скопскиот аеродром беше 31 јули, кога беа опслужени 16,347 патници. Најголемиот број на летови во еден ден, вкупно 101 операција беа реализирани на 20 јули.

Во периодот од јануари до јули на Меѓународниот Аеродром Скопје беа опслужени 2,241,935 патници, што претставува раст од 29% во споредба со истиот период минатата година, додека беа реализирани 14,930 летови, односно 7.1% повеќе.

Во првите 7 месеци од годината, скопскиот и охридскиот аеродром заедно опслужија 2,42 милиони патници (2,241,935) и 16,280 летови, што претставува зголемување од 28.4% во растот на патничкиот сообраќај и 8.6% во бројот на операции.

„Континуираниот силен раст што веќе подолг период го бележиме на двата македонски аеродроми не прави исклучително горди. Рекордните резултати на охридскиот аеродром се само уште една потврда дека трудот, јасната визија, посветената работа и долгорочната стратегија на ТАВ Македонија даваат резултати. Новите авиолинии и заедничките активности со Владата за привлекување нови авиокомпании придонесуваат Охрид да стане сѐ подостапна и поатрактивна дестинација за патниците и туристите. Овие резултати потврдуваат дека инвестициите во развојот на мрежата на линии и унапредувањето на услугите на двата аеродроми создаваат нови можности за развој на туризмот и економијата“, изјави Неџат Курт, генерален директор на ТАВ Македонија.

Курт истакна дека и покрај реконструкцијата што се реализира на охридскиот аеродром, неговото работење се одвива без прекини. И покрај обемните градежни активности, редовниот авиосообраќај и патничките услуги функционираат согласно предвидениот распоред.

Успехот на ТАВ Македонија повторно е препознаен од Меѓународниот совет на аеродроми – Европа (ACI Europe).

Според најновиот извештај на ACI Europe за првата половина од 2026 година, иако аеродромите низ ЕУ имале зголемување на патничкиот сообраќај од 2,6%, во споредба со првите шест месеци од 2025 година, Северна Македонија е лидер меѓу земјите кои не се членки на ЕУ+ во однос на растот на патничкиот сообраќај, со зголемување од 27,9%, пред Молдавија (+21%), Албанија (+17,2%), Узбекистан (+15,7%), Ерменија (+11%) и Црна Гора (+10,4%).

Покрај ова, ACI Europe го рангираше Меѓународниот Аеродром Скопје меѓу најбрзорастечките средни аеродроми во Европа, со пораст од 28,6%.

ТАВ Македонија и во иднина ќе остане посветена на развојот на двата македонски аеродроми преку проширување на мрежата на авиолинии, унапредување на услугите и создавање нови можности за патниците, туризмот и економскиот развој на државата.

 

Најнови вести од: Македонија

Сашко Кедев влезе во Гинис како најстариот алпинист во светот кој ги искачил сите 14 врвови над 8.000 метри

Кедев, на доделувањето на наградата, порача дека освојувањето на 14-те највисоки врвови во светот го смета за национален успех којшто го посвети на сите Македонци

Запалени повеќе контејнери во Ново Лисиче – градоначалникот Ѓорѓиевски бара итна истрага

Скопје нема да биде заложник на вандали, барам итна реакција од МВР. Во услови кога набавивме 3.300 нови контејнери и го решивме проблемот со сметот, очигледно дека на некој не му одговара чисто Скопје и развојот на градот

Манасиевски: Филипче и СДС да кажат дали Мацура бил криминалец со сомнителен капитал кога со ДУИ овозможиле влез на Алта банка во Македонија

Портпаролот на ВМРО ДПМНЕ Валентин Манасиевски истакнува: Фирмата на сватот на Ахмети, според јавно достапни информации, поседувала акции во Стопанска банка АД Битола, кои потоа ги продаваат на Давор Мацура и Алта банка. Филипче и СДС молчат за ова и не коментираат од страв кон ДУИ.

„Скопје.1.мк“: Над 12 тони производи од Македонија запрени на косовската граница, поради „ешерихија коли“ во претходни пратки

„Косовските власти вратиле две пратки млечни производи од Македонија, со вкупна тежина од 12.268 килограми, поради претходно утврдени неправилности поврзани со безбедноста на храната и хигиената во производството. Станувало збор за прехранбени кремови со растителни масти и производи од сирење, произведени од АД ‘Млекара Тетово’,пренесува ‘Радио Ким’. Пратките биле наменети за компанијата ‘VIZIONI M.Z.I.I’ од Преоце, во близина на Грачаница, но биле запрени на граничниот премин Генерал Јанковиќ.“ – објави информативниот портал „Скопје 1.мк“.

Партија на пензионери: Поддршка за новиот предлог- КЗ! Конфискуваниот имот да оди за социјалната заштита, здравството и стандардот на пензионерите!

Партијата на пензионери дава целосна поддршка за новиот предлог-закон за Кривичниот законик на Македонија, со кој се предвидуваат построги казни за корупција и криминал меѓу носителите на јавни функции. Од партијата, сепак, сметаат дека се потребни дополнително заострување на казнените мерки и суштински реформи во правосудниот систем.

ЕУ го натерала Вучиќ да ги повлече војниците и полицијата од Пионирскиот парк, за да спречи судири и граѓанска војна?!

Европската Унија извршила притисок врз Александар Вучиќ во изборната ноќ да ги повлече војниците и полицајците од Пионирскиот парк во Белград, бидејќи постоел страв дека ситуацијата може да ескалира во граѓанска војна. Ова го тврди поранешната амбасадорка на Белгија во Србија, Дениз де Хауер, во интервју за телевизијата „Инсајдер“.

Архимандрит Царкњас: Прашањето на Македонците во соседните земји треба да се споменува од страна на македонските власти

Во Штип се одржа традионалната „Егејска вечер“ и семакедонска средба. Архимандритот Никодим Царкњас нагласи дека прашањето на Македонците во соседните земји треба да се споменува од страна на македонските власти.

To top