Македонија

ТАВ Македонија учествуваше на роуд шоу-а во Финкса и Норвешка, со цел отворање на нови директни авиолинии до скандинавските земји

Подружница на ТАВ Аеродроми и членка на АДП Групацијата

ТАВ Македонија, подружница на ТАВ Аеродроми и членка на АДП Групацијата, ги претстави потенцијалите на двата македонски аеродроми и туристичкиот капацитет на земјава пред водечки авиокомпании и туроператори на роуд шоу-а во Финска и Норвешка, со цел отворање на нови директни авиолинии во скандинавските земји.

За време на роуд шоуата, што се одржаа во април во Осло и Хелсинки, директорот за приходи и развој на маркетинг на ТАВ Македонија, Владимир Граматиков, ги презентираше потенцијалот на македонските аеродроми, авио поврзаноста и туристичкиот потенцијал што може да го понуди нашата земја. Овие настани беа организирани од Националната асоцијација за дојдовен туризам на Македонија (NAITM), а поддржани од SIPPO (Швајцарска програма за промоција на увозот) и Министерството за култура и туризам, со цел силно промовирање на земјата како атрактивна туристичка дестинација.

„Скандинавскиот пазар има значителен потенцијал за раст. Нашата цел е да го поттикнеме развојот на нови директни редовни линии во текот на целата година до клучни европски дестинации како што се Копенхаген и Хелсинки и да обезбедиме стабилна и предвидлива средина з а веќе воспоставените линии. Ова роуд шоу е дел од нашата стратегија за отворање нови можности и за нашите граѓани и за привлекување странски туристи во земјата, преку проширување на нашата мрежа на линии со директни летови до главните скандинавски аеродроми“, вели Неџат Курт, Генерален директор на ТАВ Македонија.

Од НАИТМ велат дека иако нордиските пазари традиционално се сметаат за потешки за освојување, токму тоа ги прави стратешки исклучително вредни затоа што станува збор за туристи со висока куповна моќ, јасно дефинирани очекувања и силен фокус на квалитет, одржливост и автентични искуства. Според нив – тие не се масовни туристи, туку патници кои внимателно избираат дестинации, бараат уникатни приказни и се подготвени да инвестираат во искуства што нудат вредност.

Главниот град на земјава веќе директно е поврзан од Меѓународниот Аеродром Скопје со директни летови до Осло, преку авикомпанијата Norwegian Air Shuttle и преку Wizz Air до Осло-Сандефјорд, Малме и Стокхолм како и чартер летовите на Freebird Airlines до Стокхолм/Гетеборг и до Копеханген/Булунд.

Покрај целта за проширување на мрежата на рути на скандинавскиот пазар, ТАВ Македонија останува фокусирана на поврзување на скопскиот и на охридскиот аеродром со главните европски аеродроми со кои во моментов нема директни врски, како што се Амстердам и Лондон Гетвик или Хитроу, а интензивно работи на обновување на врските со Блискиот Исток, односно Доха и Дубаи, за проширување на мрежата на авиолиниите и зајакнување на поврзаноста на двата македонски аеродроми.

Најнови вести од: Македонија

Сашко Кедев влезе во Гинис како најстариот алпинист во светот кој ги искачил сите 14 врвови над 8.000 метри

Кедев, на доделувањето на наградата, порача дека освојувањето на 14-те највисоки врвови во светот го смета за национален успех којшто го посвети на сите Македонци

Запалени повеќе контејнери во Ново Лисиче – градоначалникот Ѓорѓиевски бара итна истрага

Скопје нема да биде заложник на вандали, барам итна реакција од МВР. Во услови кога набавивме 3.300 нови контејнери и го решивме проблемот со сметот, очигледно дека на некој не му одговара чисто Скопје и развојот на градот

Манасиевски: Филипче и СДС да кажат дали Мацура бил криминалец со сомнителен капитал кога со ДУИ овозможиле влез на Алта банка во Македонија

Портпаролот на ВМРО ДПМНЕ Валентин Манасиевски истакнува: Фирмата на сватот на Ахмети, според јавно достапни информации, поседувала акции во Стопанска банка АД Битола, кои потоа ги продаваат на Давор Мацура и Алта банка. Филипче и СДС молчат за ова и не коментираат од страв кон ДУИ.

„Скопје.1.мк“: Над 12 тони производи од Македонија запрени на косовската граница, поради „ешерихија коли“ во претходни пратки

„Косовските власти вратиле две пратки млечни производи од Македонија, со вкупна тежина од 12.268 килограми, поради претходно утврдени неправилности поврзани со безбедноста на храната и хигиената во производството. Станувало збор за прехранбени кремови со растителни масти и производи од сирење, произведени од АД ‘Млекара Тетово’,пренесува ‘Радио Ким’. Пратките биле наменети за компанијата ‘VIZIONI M.Z.I.I’ од Преоце, во близина на Грачаница, но биле запрени на граничниот премин Генерал Јанковиќ.“ – објави информативниот портал „Скопје 1.мк“.

Партија на пензионери: Поддршка за новиот предлог- КЗ! Конфискуваниот имот да оди за социјалната заштита, здравството и стандардот на пензионерите!

Партијата на пензионери дава целосна поддршка за новиот предлог-закон за Кривичниот законик на Македонија, со кој се предвидуваат построги казни за корупција и криминал меѓу носителите на јавни функции. Од партијата, сепак, сметаат дека се потребни дополнително заострување на казнените мерки и суштински реформи во правосудниот систем.

ЕУ го натерала Вучиќ да ги повлече војниците и полицијата од Пионирскиот парк, за да спречи судири и граѓанска војна?!

Европската Унија извршила притисок врз Александар Вучиќ во изборната ноќ да ги повлече војниците и полицајците од Пионирскиот парк во Белград, бидејќи постоел страв дека ситуацијата може да ескалира во граѓанска војна. Ова го тврди поранешната амбасадорка на Белгија во Србија, Дениз де Хауер, во интервју за телевизијата „Инсајдер“.

Архимандрит Царкњас: Прашањето на Македонците во соседните земји треба да се споменува од страна на македонските власти

Во Штип се одржа традионалната „Егејска вечер“ и семакедонска средба. Архимандритот Никодим Царкњас нагласи дека прашањето на Македонците во соседните земји треба да се споменува од страна на македонските власти.

To top