Македонија

Тешка сообраќајна незгода на патот Кичево-Охрид: Седум повредени, вклучително и шестогодишно дете

Увид на местото на незгодата извршија полициски екипи.

На магистралниот пат Кичево-Охрид, во близина на кичевското село Подвис, вчера во 23:17 часот случена е сообраќајна незгода помеѓу патничките моторни возила „Рено“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од Д.К.(51) од Приеп и „Џип“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од Р.У.(33) од кичевското село Зајас.

-Притоа, двајцата возачи и сопатниците од првото возило О.А.(47) и М.Г.(55), двете од Прилеп како и сопатниците од второто возило Б.Ф.(45), Ј.Ч.(31) и едно шест годишно малолетно лице, сите од селото Зајас, беа пренесени во Општата болница во Кичево каде, им биле констатирани телесни повреди, информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.

Увид на местото на незгодата извршија полициски екипи.

Најнови вести од: Македонија

Еден од најголемите случаи во поновата историја на Македонија сѐ уште без одговор: кој стоел зад атентатот врз Глигоров на 3.10.1996?

Пред 31 години на 3 октомври беше извршен атентат врз првиот претседател на независна Република Македонија, Киро Глигоров, кој го преживеа со тешки повреди на главата. На местото на атентатот загина неговиот возач Александар Спировски, а беше повреден телохранителот на Глигоров, Илчо Теовски. Како последица од повредите почина и случајниот минувач Христо Христоманов, а беа повредени и Климе Коробар и Јован Атанасовски.

Стопанската комора добитник на меѓународна награда за општествена одржливост

Иницијативата на Стопанската комора на Македонија за унапредување на декарбонизацијата и корпоративната одржливост е меѓу трите највисоко оценети иницијативи од целиот свет на ISAR Honours 2026, признание на Меѓувладината работна група на експерти за меѓународни стандарди (ISAR) при УНКТАД – UN Trade and Development.

To top