Македонија

ТИТАН УСЈЕ прва компанија со Платиниум сертификат за системот Нула отпад на депонија

ТИТАН УСЈЕ доби највисока потврда за имплементација на одржлив систем за управување со отпад – Нула отпад на депонија (Zero Waste to Landfill Platinum Certificate) и е прва компанија со Платинуим признание во земјата. Овој систем е базиран на механизми за справување со отпад односно рециклирање, компостирање, анаеробна дигестија, реупотреба и термално процесирање. Една од […]

ТИТАН УСЈЕ доби највисока потврда за имплементација на одржлив систем за управување со отпад – Нула отпад на депонија (Zero Waste to Landfill Platinum Certificate) и е прва компанија со Платинуим признание во земјата. Овој систем е базиран на механизми за справување со отпад односно рециклирање, компостирање, анаеробна дигестија, реупотреба и термално процесирање.

Една од најзначајните негови придобивки е намалувањето на количините на отпад кои се одлагаат на депонија, што е од исклучително значење од аспект на животна средина, но и од економски и социјален аспект, а придонесува и генерално за намалување на емисиите на стакленички гасови.

„Иако компанијата во производниот процес не создава отпад, активно работиме на ефективна имплементација на одржлив систем на управување со отпад, кој се генерира од амбалажата на производите, од одржувањето на погоните и од административното работење. Како членка на групацијата ТИТАН, достапни ни се најдобрите практики во оваа област кои успешно ги имплементиравме. Оваа награда за нас е од големо значење, бидејќи доаѓа во годината кога одбележуваме 70 години од нашето постоење и е вистинска потврда на нашата определба за имплементирање на принципите на кружната економија во нашата компанија. Овој модел е значаен и за заедницата, а ние сме подготвени да го споделиме нашето искуство и да помогнеме во пошироко имплементирање на овој начин на работење“, истакна Константинос Николау, главен извршен директор на ТИТАН УСЈЕ.

Системот Нула отпад на депонија подразбира одвоено собирање на различни фракции на отпад и водење на точна и транспарентна евиденција. Детално се следи и документира текот на материјали кои влегуваат и излегуваат од процесите, количината на создаден отпад, како и типот и начинот на управување со секој тип на отпад.

Откако ќе се соберат податоците за количината на генериран отпад и делот од отпадот кој е третиран преку некој од горенаведените механизми, се врши пресметка на стапката на повратен материјал, односно отпад кој не завршил на депонија. Платиниум сертификат добиваат само компаниите кои имаат од 99 до 100 отсто стапка на повторна употреба на отпадот. Во 2024 година ТИТАН Усје има 99,86 % повторна употреба на отпадот.

ТИТАН УСЈЕ е целосно посветен на декарбонизација, имплементација на одржливо управување со отпадот и континуиран развој преку дигитализација, иновации и воведување на вештачка интелигенција во сите сегменти од работењето. Компанијата е прва во инсталирање на капацитети за употреба на алтернативни горива за енергија, со што значително се намалуваат емисиите на CO₂.

Најнови вести од: Македонија

Велешанка (61) касната од пајак „црна вдовица“, работејќи на поле во Еловец, Велешко – заврши на Токсикологија

Велешанката е хоспитализирана откако пред неколку дена била касната од пајак – „црна вдовица“ додека работела на поле во велешкото село Еловец. Побарала помош откако отровот почнал да делува, а по укажаната помош во Велешката болница префрлена е на понатамошен третман на Клиниката за токсикологија во Скопје.

Објавени се резултатите од првото издание на регионалниот поетски конкурс „Ars Lyrica Balcanica – Регионална поетска награда“

Жири-комисијата ги додели наградите врз основа на поетската вредност, автентичноста на авторскиот глас, стилската зрелост и целосниот книжевен впечаток на творбите.

Вреди: Корумпираното раководство на ДУИ, алчно за власт, оди против Рамковниот договор и го блокира законот за правична застапеност!

„Албанците дочекаа Али Ахмети да блокира Закон за правична застапеност и со тоа да урива еден од темелните принципи на Охридскиот рамковен договор, заради алчност за власт!“ – рече на денешната прес-конференција на Вреди портпаролот Дритон Сулејмани.

Стратешкиот притисок на Индија на Балканот и реалноста на глобалната дипломатија

Анализа на британска авторка која посетата на Мурму на Македонија ја поврзува со прагматската архитектура на меката моќ која се случува надвор од историската носталгија на Балканот

To top