Македонија

Тошковски: Дигитализација во МВР е во завршна фаза

Новиот систем ќе овозможи електронско внесување и обработка

Министерството за внатрешни работи и натаму ги документира полициските настани рачно, преку тефтери, а целосна дигитализација се најавува во наредните три до четири месеци. Ова го соопшти министерот Панче Тошковски на денешниот брифинг.

Тој посочи дека во моментов се користат 36 евиденции, односно книги, иако порано нивниот број бил околу 70. Според министерот, ваквиот систем е сосема несоодветен за 2026 година, бидејќи истите податоци за едно лице често мора да се внесуваат повеќе пати во различни книги, зависно од карактерот на пријавениот настан.

Преку конкретен пример Тошковски објасни дека кога случајот вклучува семејно насилство, телесна повреда, присуство на малолетници и други околности, службениците мора да отвораат повеќе евиденции и повторно да ги запишуваат личните податоци.

„Е тоа е 2026 година, 11. месец. Реално тоа. Во моментот имаме 36 евиденции (книги), а претходно беа 70-ина евиденции“, изјави тој.

Министерот додаде дека при преземањето на функцијата затекнал систем во кој податоците се чувале во архивски ормани, а службениците морале рачно да ги пребаруваат книгите.

Процесот на дигитализација трае две години и два месеца и е во завршна фаза. Со новиот систем полициските службеници ќе внесуваат и обработуваат податоци електронски, без повторување на истите записи.

„За кратко, за три-четири месеци најмногу, се надевам и побргу, ќе видиме до кај стигнало Министерството за внатрешни работи во 2027 година“, рече Тошковски.

Најнови вести од: Македонија

Да се забрани „џанк“ храна во училиштата и да се оданочат зашеќерените пијалаци, бара Клековски

Министерот ги повика граѓаните, особено оние со зголемен ризик или со семејна историја на дијабетес, да не ги игнорираат симптомите како постојан замор, зголемена жед или заматен вид и да направат превентивен преглед.

Тамара Котевска го освои „Британскиот Оскар“ за документарен филм, рамо до рамо со Херцог и Дејвид Атенборо

Македонската режисерка Тамара Котевска, двојно номинирана за ОСКАР и двојно номинирана за ЕМИ, го освои престижното Гран-при признание (за најдобар кино-документарец) на овогодинешното доделување на наградите „Гриерсон“ (Grierson British Documentary Awards) во Лондон, кои во светската кинематографија важат за британски Оскар за документарни филмови.

Се проширува достапноста на банкарските услуги за клиентите на „АЛТА банка“ – од понеделник нова експозитурата во Прилеп

Народната банка продолжува внимателно да ја следи состојбата во „АЛТА банка“ АД Битола и да презема активности за да им се овозможи на сите клиенти полесен пристап до сопствените средства и непречено извршување на платежните услуги.

Владата ги испрати Кривичниот законик и законот за кривична постапка во Брисел на мислење

Министерството за правда на Владата на Република Македонија ги достави Нацрт-кривичниот законик и Нацрт-законот за кривичната постапка до Европската комисија за мислење, со што продолжува процесот на сеопфатна реформа на казненото законодавство и негово усогласување со европските стандарди.

Претседателот на Уставниот суд на РМ Костадиновски за политичките притисоци: Не смее да ја диктираат правдата

Наша должност е да им одолееме на политичките притисоци и да ја држиме политиката во рамките на правото – порача денеска во Охрид претседателот на Уставниот суд, Дарко Костадиновски. Тој оцени дека Уставниот суд е единствената институција што треба да обезбеди политиката и државните органи да ги почитуваат уставните и законските рамки.

ВМРО ДПМНЕ: Скопје има три големи несреќи – Пиколомини, земјотресот во 1963 и СДС!

„Најголеми несреќи кои му се имаат случено на Градот Скопје е палењето од страна на Пиколомини, земјотресот во 1963 и владеењето на СДС во изминатите години: потрошија милионски буџети, а не направија ниту еден проект значаен за граѓаните на Скопје!“ – истакнува ВМРО ДПМНЕ.

Вреди: Ахмети со ДУИ „продаваше“ лажен патриотизам, а преку сватот зеде кредит од 5 милиони евра од „Алта банка“ во Белград”!

Додека Али Ахмети и врвот на ДУИ со години јавно продаваа лажен патриотизам, нивната семејна бизнис-мрежа, далеку од очите јавноста, склучувала милионски договори директно во Белград, наведува „Вреди“ во соопштение.

To top