Македонија

Тошковски: Имаме мирна и фер изборна атмосфера

Денес е ден на демократијата, денес македонските граѓани ќе можат да си го остварат своето право на глас во рамки на едни мирни, фер и демократски избори да си ги изберат своите градоначалници и советнички листи кои во иднина ќе треба да ги менаџираат единиците на локалните самоуправа, изјави утринава министерот за внатарешни работи Панче Тошковски откако го оствари своето право на глас.

Денес е ден на демократијата, денес македонските граѓани ќе можат да си го остварат своето право на глас во рамки на едни мирни, фер и демократски избори да си ги изберат своите градоначалници и советнички листи кои во иднина ќе треба да ги менаџираат единиците на локалните самоуправа, изјави утринава министерот за внатарешни работи Панче Тошковски откако го оствари своето право на глас.

Тошковски истакна дека гласањето е започнато на сите избирачки места во Македонија.

-Имаме мирна, демократска и фер изборна атмосфера. Очекувам таа да продолжи. Ги повикувам сите македонски граѓани да го остварат своето право на глас, да ги дефинираат чекорите во иднина како ќе треба да се развива Македонија на локално ниво, се со цел да креираме иднина каква заслужуваат нашите граѓани. Денеска активирани се над 90 проценти од силите на МВР, фокусирани сме на спроведување на еден мирен изборен процес, ги превземаме сите дејствија, нагласи министерот за внатрешни работи.

Потенцираше дека полицијата е на терен, распоредена насекаде и ги контролира утврдените таканаречени жешки точки.

-Вчера имаме констатирано четири настани каде има потенцијално нарушување на изборниот молк, конкретно поврзани со одредени незаконити постапки. Постапуваме по тоа, додаде Тошковски.

Полицијата ќе ги обезбедува гласачките места непрекинато почнувајќи од 6:00 часот до 19:00 часот за времетраењето на гласањето, по затворањето на гласачкото место и за време на сумирањето на резултатите и ќе ги отстранува сите неовластени лица од објектот.

Полицијата го обезбедува избирачкиот одбор до предавање на записникот и изборниот материјал на општинската изборна комисија, односно Изборната комисија на градот Скопје.

Најнови вести од: Македонија

Јаневска: Изборниот предмет „Сеопфатно сексуално образование“ го повлекуваме, заради длабока ревизија по барање на јавноста

Изборен предмет „Сеопфатно сексуално образование“ во средно образование ќе нема. МОН одлучи да ја повлече наставната програма за да се направи ревизија. Ова денеска го соопшти министерката за образование и наука Весна Јаневска по реакциите за воведувањето на овој предмет по избор за средношколците од прва до четврта година.

Вчера битолчанецот Михаил Николовски (15) спаси тричлено бугарско семејство од давење во разбеснетите бранови на Егејското Море во Грција!

Вистинска драма вчера се случила на плажата во Олимпијада, Грција, каде што силните бранови и подводните струења за малку ќе го однеле во смрт цело тричлено семејство од Бугарија. Во моментите кога жената панично повикувала на помош, од присутните на плажата реагирал 15-годишниот битолчанец Михаил Николовски. Без двоумење влегол во разбрануваното море.

Од 253 грама до 201 грам: Најлесниот Fold во светот

Откако го претстави првиот Galaxy Fold со тежина од 276 грама во 2019 година, Компанијата Самсунг („Samsung“) продолжи да го проширува она што може да биде еден преклопен паметен телефон, унапредувајќи го дизајнот на шарките и екранот, издржливоста и употребливоста со секоја генерација

To top