Македонија

Тошковски: Во тест периодот од половина месец на „Безбеден град“ намален бројот на повредени во сообраќајните несреќи

Тошковски истакна дека се согласува со пратеникот Хасани дека доцна се почнува со овој проект, за да се заштитат животите и здравјето на сите учесници во сообраќајот

Мора да се почне со имплементацијата на проектот „Безбеден град“, ќе ги решаваме сите проблеми, кои ќе произлезат во иднина. Мора да почнеме, имаме 145 жртви, истакна министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски на собраниската говорница во одговор на прашање од пратеникот Илир Хасани од Европски фронт, кој воедно како лекар-траумотолог даде поддршка за имплементација на овој проект, со неколку забелешки, кои ги имаат упатено граѓаните.

Тошковски истакна дека се согласува со пратеникот Хасани дека доцна се почнува со овој проект, за да се заштитат животите и здравјето на сите учесници во сообраќајот.

– Се согласувам во делот со критиката дека касно го почнуваме овој проект. Апсолутно се согласувам, заради тоа што компаративно гледано, скоро секоја земја членка на ЕУ веќе длабоко го има имплементирано, која пред десет, која пред 15, па и повеќе години, а ние касниме. Но, не касниме месец- два, касниме да речам едно најмалку десет години, во имплементацијата на овој систем, рече Тошковски.

Министерот за внатрешни работи потенцираше дека за овој тест период од 15-16 дена, од страна на лекарите е констатирано дека е намален бројот на лицата со тешки телесни повреди кои учествувале во сообраќајните несреќи.

-Особено имајќи предвид дека просекот во Македонија на жалост последниве 15 години е 145 лица, наши луѓе, наши граѓани, наши комшии, наши пријатели, членови на фамилии итн, коишто сме ги изгубиле, во последните 15 години, пак ќе повтрорам, вие тоа и од лично искуство го знаете, просекот е 145 и можеби сме најлоши во Европа. Катастрофа е сега што треба да направиме, треба да почнеме и навистина очекувам поддршка од секој еден пратеник во ова Собрание, без разлика дали доаѓа од редовите на власта, или доаѓа од опозицијата. Заради тоа што во имплементацијата на овој проект нема политика. Во имплементацијата на овој проект нема Албанци, нема Македонци, нема професори, нема доктори, нема адвокати, нема земјоделци. Во имплементацијата на овој проект говориме за спасување на човечки животи, кои ги губиме секојдневно најмногу во Европа, додаде Тошковски.

Тој како за пример посочи дека ако во една Хрватска просечно годишно гинат на минумим еден милион жители околу 65, во Словенија околу 55, Германија и Австрија околу 40-45, Шведска, Данска, Норвешка (скандинавските земји) е околу 20, а кај нас какошто рече Тошковски „докторе на жаласот просекот е по милион жител некаде околу 80 и тоа не е денес, само така 2025, 2024 година. Тоа е 15 години наназад“.

– Катастрофа сме, што треба да направиме, треба да почнеме, каде треба да почнеме-овде треба да почнеме. Собранието треба да ги донесе сите оние закони, коишто денеска поминаа, се надевам дека ќе дадете максимална поддршка. Дали негде ќе згрешиме? Да. Дали нешто можеме да го подобриме во иднина? Да. Ама мислам дека мора да се сложите дека мора да почнеме, ќе ги решаваме сите проблеми кои ќе произлезат во иднина. Мора да почнеме, 145 жртви, посочи Тошковски.

Пратеникот Хасани истакна дека увидени неколку слабости во текот на тест периодот, а тоа е стигнување на опомонена или казна за возење на 51 километар на час, потоа дел од граѓаните немаат мобилни телефони или мејл адреси за да им пристигнуваат казните, како и дека примената е само во неколку градови, но не и во останатите. Но, како лекар траумотолог ја даде поддршката за носење и имплементација на проектот „Безбеден град“.

Најнови вести од: Македонија

Агатангел: ВМРО-ДПМНЕ ќе владее колку Тито, оваа Влада ја консолидира Македонија како држава и ги штити националните интереси!

Митрополитот Повардарски Агатангел изрази целосна поддршка за премиерот Христијан Мицкоски и актуелната Влада, оценувајќи дека државата е во сигурни раце, во интервју за телевизија „Алфа“, тој прогнозираше дека ВМРО-ДПМНЕ ќе остане на власт онолку долго колку што владеел Јосип Броз Тито.

Наумовски: Победата на опозицискиот претседателски кандидат во Бугарија води до предвремени парламентарни избори

-Според некои анализи, тие имаат изгубено можеби две третини од гласовите од парламентарните избори и, според мене, тоа е прв показател дека поддршката која ја имаше Радев на парламентарните избори веќе е значително намалена. Се покажува дека релативно комотната позиција која Радев ја имаше како претседател на државата е различна од состојбата која сега ја има да решава проблеми како премиер, рече Наумовски. По социјалните мрежи имаше една шега дека има низок одѕив на изборите во Бугарија затоа што сите бугарски возови заминале во Србија Ова во „Наткаст“ на „Курир“ го изјави Васко Наумовски, универзитетски професор и поранешен вицепремиер за евроинтеграции.

Мицкоски: Достигнат е БДП од 20 милијарди долари, целта е 22 милијарди! – Опозицијата би се радувала РМ да потоне во нивното политичко мочуриште!

Податоците на Државниот завод за статистика за конечните бројки за 2024 за растот на бруто домашниот производ и ревидираните бројки за 2025 се во нагорна линија од 3,8 отсто, со што Владата ја постгна поставената цел до крајот на мандатот номиналниот бруто домашен производ да биде 20 милијарди долари, сега цели кон 22 милијарди долари, информира денеска премиерот Христијан Мицкоски.

Средба Муцунски-Клеин: Непрестаен развој на односите и одличната соработка меѓу Македонија и Унгарија

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија на Република Македонија Тимчо Муцунски денеска оствари средба со новоназначениот специјален пратеник на Министерството за надворешни работи на Унгарија за Западниот Балкан, амбасадорот Андраш Клеин.

Најнови вести

To top