Македонија

Тошковски за случајот со набавката на мазут: Не смее да има тивок обид на затворање на постапката, ова е разочарување на целиот тим на МВР кој работеше на случајот

Не смее да има тивок обид на затворање на постапката за набавката на мазутот за ТЕЦ Неготино

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски смета дека не смее да има тивок обид на затворање на постапката за набавката на мазутот за ТЕЦ Неготино. Вели дека акцијата за овој случај спроведена лани била во координација и по насоки на Обвинителството.

Тошковски вечерва рече дека не верува дека тогаш имало докази, а сега постапката се затвора поради недостиг на докази.

–  Јас сум шокиран и разочаран од одлуката на Обвинителството, исто како што е шокирана целата македонска јавност. Во никој случај не смее да има тивок обид на затворање на една ваква постапка од страна на Обвинителството. Ова е огромно разочарување особено за целиот тим на МВР кој работеше на случајот, рече Тошковски.

Вели дека конечно е дојдено време ваков потенцијален криминал каков што е направен во овој случај да не биде затворен со, како што рече, плитко спроведени постапка.

– По информациите што ги имам добиено од луѓе кои се дел од овој процес не сметам дека е постапено максимално професионално и во насока на утврдување на правилната фактична состојба се со цел да се разоткрие она што е правено. Ни оддалку не сметам дека е доловена фактичната состојба, рече Тошковски.

Според Тошковски, овој случај се уште не е затворен. – Ќе види јавноста во следниот период за што точно сум сакал да поентирам од аспект на фактична состојба којашто МВР неспорно ја има утврдено изминатиот период во насока на остварување на право и правда, рече Тошковски.

Тошковски вечерва истакна дека лично верува оти премиерот Христијан Мицкоски никогаш не би влегувал во какви било незаконски комуникации или пак би влијаел врз некој обвинител за да постапува на одреден начин.

Тошковски на прашањето за телефонскиот разговор на Мицкоски со јавниот обвинител Ненад Савески за случајот „Мазут“, за што опозициската СДСМ обвини дека „премиерот и обвинителот се договарале по телефон за предмети и тек на истрага појасни:

-Лично познавајќи го премиерот, сигурен сум дека никогаш не би влегол во рамки на одредени комуникации кои би биле незаконски, а камоли, пак, во насока да влијае на кој било обвинител, конкретно дали треба да постапува вака, така или не знам како. Никогаш тоа не би го сторил нашиот премиер. Така што, не верувам дека е направена каква било конкретна неправилност при која било дејност што ја презел во насока на комуникација со јавниот обвинител. Претпоставувам дека сакал да добие изворна информација за она што ја шокираше целокупната македонска јавност, како прв човек на Владата, претставник на македонските граѓани, навистина не гледам ништо спорно во тоа – рече Тошкоски.

Тој додаде дека има механизми во системот, доколку се увиди дека има некакво нарушување на принципите на работа во Обвинителството, давајќи го примерот на поранешниот обвинител Љубомир Јовески со супензијата на поранешната шефица на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, Вилма Рускоска.

-Ќе видиме како ќе се развива таа работа – нагласи Тошкоски.

Тој истакна дека во државата нема заштитени и недопирливи, без разлика од каде доаѓаат, од власта или опозицијата.

-Дури и кога станувало збор за структури, да речеме, и луѓе кои се блиски до владејачката гарнитура. Напротив, мислам дека премиерот сака да покаже пример дека конечно времето на селективност, неказнивост и прогледување низ прсти на своите е завршено. И мислам дека со сите оние постапки што ги спроведовме во изминатиот период, токму тоа и го покажавме. Без оглед дали некој е близок функционер, без оглед дали е некој во рамки на одредена организациска единица блиска до некого, без оглед дали е директор кој доаѓа од редовите на владејачката коалиција или, пак, менаџер на одредена институција, мислам дека покажавме апсолутна неселективност. Нема заштитени. Не од страна на работењето на Министерството за внатрешни работи. Заради тоа и анкетите на граѓаните, кои ја оценуваат борбата против корупцијата кога говориме за Министерството за внатрешни работи, се многу поразлични отколку кога говориме, на пример, за Јавното обвинителство – рече Тошкоски.

На прашањето за повикувањето на поранешниот министер за земјоделство Љупчо Николовски и уште две лица на службен разговор во СВР Скопје, по кривична пријава од Министерството за земјоделство за злоупотреба на службената положба, Тошкоски истакна дека не сака да навлегува во детали за случаи кои се во предистрага.

-Не би сакал, како и во сите останати предмети, особено во рамки на предистрага, да навлегувам во детали за случаите. Да им оставиме на институциите да си ја сработат работата. Но, не би се согласил дека исклучиво само функционери од претходната власт се предмет на кривичен прогон. Особено не оние што ги рекетираат македонските граѓани. И како што покажавме во изминатиот период, и постојни судии, и директори на здравствени институции, на земјоделски институции, на какви било институции во државата, може да бидат предмет на кривичен прогон, особено, пак ќе повторам, доколку рекетираат во име на македонските граѓани – рече тој.

Најнови вести од: Македонија

Ѓорге Иванов: Дијалогот е единствен пат кон мир и стабилност

Во периодот од 22 до 24 јуни во Скопје се одржа меѓународната конференција „Дијалог за единство и мир 2026“, организирана од Кабинетот на поранешниот претседател на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, во соработка со Меѓународниот центар Алијанса на цивилизациите и Асоцијацијата на алумнисти на Школата за млади лидери.

Во ЕУ расте бројот на лица, што живеат сами! – Во Германија од 41 милион домаќинства дури 42 отсто биле едночлени лани!

Во Европската Унија минатата година 16,5 проценти од населението живеело во едночлени домаќинства, а најголем удел на лицата кои живеат сами е регистриран во скандинавските и во балтичките земји, покажуваат податоците на европската статистичка агенција Евростат. Над европскиот просек е и Германија, каде што секој петти жител, односно 20,9 проценти од вкупно околу 84 милиони жители, живеел сам, соопшти германскиот Сојузен завод за статистика „Дестатис“.

Сиљановска-Давкова: Струшките вечери на поезијата веќе 65 години ги поврзуваат светските меридијани, a Струга е најпоетскиот град на планетава

Струшките вечери на поезијата, поетски дом, кој веќе 65 лета поврзува меридијани, го соединува и обединува светскиот поетски сој со љубителите и почитувачите на убавата реч во старата, но витална Струшка бунтовна република на поетите, кои се борат за подобар и похуман живот. Шест и пол децении сме благословени да бидеме домаќини на мајсторите на јазикот и алхемичарите на мислата, преточувајќи ги во естетика и етика, истакна вечерва од Струга претседателката Гордана Сиљановска-Давкова прогласувајќи ги за отворени 65. Струшки вечери на поезијата.

Петрушевски: СДС одработува за интересите на Бугарија, мислејќи дека така ќе дојдат на власт! Се соочуваме со странско мешање во внатрешните работи на Македонија!

Бране Петрушевски, пратеник во Собранието од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, вечерва гостуваше во емисијата „Само Вистина“ на Канал 5 телевизија, при што се осврна на односите на Република Македонија со источниот сосед Бугарија како и случувањата поврзани со јавно споделената дипломатска нота во која беа содржани информации за патувањето на членовите на најтесниот круг на семејството на премиерот Мицкоски, кое како што рече Петрушевски претставува невиден скандал во дипломатските односи и прекршување на истите.

Најава дека „тетовчани в петок ќе се кренат против одлуката на Уставниот суд за промената на имињата на улиците во Тетово“!

„Тетовчани ќе се кренат во петок! Плоштадот Илирија нема да стане ‘Маршал Тито’, колку и да сонува некој за такво нешто.“ – објави на својот фејсбук-профил Рами Мислими, новинар, политички аналитичар и сопственик на албанскиот информативен портал на албански јазик „Тетова сот“ од Тетово. Неговата објава под наслов „Имињата на улици во Тетово: тетовчани ќе се кренат в петок против Билал Касами“ ја пренесоа овој портал и други медиуми на албански јазик во Македонија.

To top