Македонија

Трајановски: Оставаме дела зад себе и покрај катастрофата што ја наследивме

Oставаме дела зад себе, рече Коце Трајановски, директор на Јавното претпријатие за државни патишта и покрај тоа што состојбата што ја затекнал во претпријатието била катастрофална.  „Кога дојдов за директор верувајте дека сите делници беа замрени, не работеше механизацијата или ја немаше. Успеавме да направиме патишта, експресни и автопати во должина од 100 километри“, кажа […]

Oставаме дела зад себе, рече Коце Трајановски, директор на Јавното претпријатие за државни патишта и покрај тоа што состојбата што ја затекнал во претпријатието била катастрофална. 

„Кога дојдов за директор верувајте дека сите делници беа замрени, не работеше механизацијата или ја немаше. Успеавме да направиме патишта, експресни и автопати во должина од 100 километри“, кажа Трајановски.

Директорот информираше за реализираните патни правци во овој период.

„Од Страцин до Крива Паланка, од Градско до Дренево од Дреново до Фариш, го пуштивме и патот од Врбјани до Ботун кој по 11 години беше пуштен. Тоа е одлика на наше домаќинско и одговорно работење. Ние поставуваме нови стандарди за работење во сите институции“, вели Трајановски.

Трајановски додаде дека тука не се сопира и оти се работи на уште многу други патни правци.

„Работиме на еден од најважните правци Кичево – Охрид, интензивно работиме за по 13 години или се надевам следната година да го пуштиме и тој патен правец“, изјави Трајановски.

Според Трајановски Македонија се наоѓа во една експанзија на патна инфраструктура.

“Веќе го објавивме тендерот за Скопје – Блаце за оние фамозни 10 километри. Тие почнаа од Блаце кон Скопје и направија само два километри кои завршуваат во еден дол“, информираше Трајановски.

Најнови вести од: Македонија

Велешанка (61) касната од пајак „црна вдовица“, работејќи на поле во Еловец, Велешко – заврши на Токсикологија

Велешанката е хоспитализирана откако пред неколку дена била касната од пајак – „црна вдовица“ додека работела на поле во велешкото село Еловец. Побарала помош откако отровот почнал да делува, а по укажаната помош во Велешката болница префрлена е на понатамошен третман на Клиниката за токсикологија во Скопје.

Објавени се резултатите од првото издание на регионалниот поетски конкурс „Ars Lyrica Balcanica – Регионална поетска награда“

Жири-комисијата ги додели наградите врз основа на поетската вредност, автентичноста на авторскиот глас, стилската зрелост и целосниот книжевен впечаток на творбите.

Вреди: Корумпираното раководство на ДУИ, алчно за власт, оди против Рамковниот договор и го блокира законот за правична застапеност!

„Албанците дочекаа Али Ахмети да блокира Закон за правична застапеност и со тоа да урива еден од темелните принципи на Охридскиот рамковен договор, заради алчност за власт!“ – рече на денешната прес-конференција на Вреди портпаролот Дритон Сулејмани.

Стратешкиот притисок на Индија на Балканот и реалноста на глобалната дипломатија

Анализа на британска авторка која посетата на Мурму на Македонија ја поврзува со прагматската архитектура на меката моќ која се случува надвор од историската носталгија на Балканот

To top