Македонија

“Трчаме со срце за секое дете“ – хуманитарна трка на СОС Детско село

Срце долго 4км – Традиционалната IT4Charity трка оваа година расте и се отвора за сите

По повод 25 години СОС Детско село Македонија, на 19 септември Градскиот парк во Скопје ќе се претвори во голема патека на солидарност – долга 4 километри и симболично исцртана во форма на срце. Досега ги обединуваше компаниите и луѓето од ИТ-заедницата, а оваа година, “срцето“ станува поголемо. Под мотото „Трчаме со срце“, СОС Хуманитарната трка powered by IT4Charity ги повикува сите – искусни тркачи, рекреативци, тимови, пријатели и семејства да трчаат за една заедничка цел: Ниту едно дете да не расте само. И не е важно кој прв ќе стигне до целта. Важно е зошто трчаме.

Веќе 25 години СОС Детско село Македонија обезбедува грижа, сигурност и поддршка за децата и младите без родителска грижа и им помага на семејствата кои се соочуваат со сериозни животни предизвици. Во изминатите две и пол децении, преку програмите на организацијата беа променети повеќе од 6.090 животи на деца, млади, згрижувачи и семејства. Токму затоа и патеката на 19 септември нема случајно да биде во форма на срце.

„За некого тоа ќе бидат само четири истрчани километри. За нас, секој од тие чекори носи многу поголемо значење. Зад нив стои поддршка на многу животни приказни кои чекаат можност за подобра иднина. Патеката е во форма на срце затоа што љубовта, грижата и чувството дека некој е покрај нас навистина можат многу да променат.“, велат од СОС Детско село Македонија.

Средствата собрани преку СОС Хуманитарната трка powered by IT4Charity ќе бидат наменети за програмите преку кои организацијата обезбедува поддршка за деца и млади без родителска грижа, ги зајакнува семејствата во ризик и помага децата да растат во сигурна и грижлива семејна средина.

Затоа, на 19 септември не се трча само за медал, резултат или лично време. Се трча за ниту едно дете да не расте само.

Пријавувањето за СОС Хуманитарната трка е веќе отворено на: https://sos.org.mk/sos-humanitarna-trka-2026/

Најнови вести од: Македонија

Наумовски: Победата на опозицискиот претседателски кандидат во Бугарија води до предвремени парламентарни избори

-Според некои анализи, тие имаат изгубено можеби две третини од гласовите од парламентарните избори и, според мене, тоа е прв показател дека поддршката која ја имаше Радев на парламентарните избори веќе е значително намалена. Се покажува дека релативно комотната позиција која Радев ја имаше како претседател на државата е различна од состојбата која сега ја има да решава проблеми како премиер, рече Наумовски. По социјалните мрежи имаше една шега дека има низок одѕив на изборите во Бугарија затоа што сите бугарски возови заминале во Србија Ова во „Наткаст“ на „Курир“ го изјави Васко Наумовски, универзитетски професор и поранешен вицепремиер за евроинтеграции.

Мицкоски: Достигнат е БДП од 20 милијарди долари, целта е 22 милијарди! – Опозицијата би се радувала РМ да потоне во нивното политичко мочуриште!

Податоците на Државниот завод за статистика за конечните бројки за 2024 за растот на бруто домашниот производ и ревидираните бројки за 2025 се во нагорна линија од 3,8 отсто, со што Владата ја постгна поставената цел до крајот на мандатот номиналниот бруто домашен производ да биде 20 милијарди долари, сега цели кон 22 милијарди долари, информира денеска премиерот Христијан Мицкоски.

Средба Муцунски-Клеин: Непрестаен развој на односите и одличната соработка меѓу Македонија и Унгарија

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија на Република Македонија Тимчо Муцунски денеска оствари средба со новоназначениот специјален пратеник на Министерството за надворешни работи на Унгарија за Западниот Балкан, амбасадорот Андраш Клеин.

Најнови вести

To top