Македонија

Три лица загинаа, повредено е едно дете во тешка сообраќајка – се проверува дали возачот на автобусот бил пијан

На автопатот Тетово-Скопје попладневно се случи тешка сообраќајна несреќа.  Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Тетово извршил увид на местото каде загинаа три лица а едно дете е повредено.  Обвинителството соопшти дека се преземаат сите дејствија за утврдување на причините и околностите кои довеле до трагедијата. Издадена е наредба за обдукција на починатите, а […]

На автопатот Тетово-Скопје попладневно се случи тешка сообраќајна несреќа.  Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Тетово извршил увид на местото каде загинаа три лица а едно дете е повредено. 

Обвинителството соопшти дека се преземаат сите дејствија за утврдување на причините и околностите кои довеле до трагедијата. Издадена е наредба за обдукција на починатите, а за возачот на автобусот е наложено испитување за евентуално присуство на алкохол или психоактивни супстанции.

Возилата се одземени за технички преглед со цел да се провери нивната исправност во моментот на несреќата. На местото на настанот бил повикан и сообраќаен вештак, а ќе биде изготвено и целосно сообраќајно-техничко вештачење врз основа на собраните траги, фотодокументација и останати докази.

Најнови вести од: Македонија

БАЛКАНСКИОТ ЕРУСАЛИМ: Зошто Македонија е европскиот бисер кој мора да се посети

Богата култура, недопрена природа, преубави панорами, гастрономски специјалитети и исклучително гостопримливи луѓе – ова се само дел од адутите со кои Македонија се етаблира како задолжителна европска дестинација за светските патници

To top